Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска на денешната прес-конфереција најави дека во пресрет на новогодишните празници, ќе биде зголемена контролата врз објектите.
Грашковска апелираше граѓаните да ги почитуваат рестриктивните мерки.
Филипоска-Грашкоска на денешната прес-конференција информираше дека инспекциските контроли биле извршени во период од 14 до 20 декември.
„На неколку дена пред новогодишните празници, инспекциските служби ги интензивираа надзорите на терен и во соработка со МВР во текот на минатата недела се спроведоа голем број координирани акции. Ова ќе продолжи во следниот период со цел да придонесеме за одговорно прославување на претстојните празници“, порача Филипоска-Грашкоска.
Во истиот период, Инспекторатот за транспорт поднел три прекршочни пријави за непочитување на протоколите за превоз на патници. Трудовите инспектори, пак, констатирале прекршување на протоколите за заштита од ковид-19 во три случаи.