Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов испрати нова провокативна порака до македонските власти. На крај ќе излезе дека „Исус Христос бил Македонец“-вели Каракачанов.
„Од времето на Југославија учат да мразат. Албанци, Грци, Бугари. Ги сакаат само Србија и Србите. За нив сме Татари, фашисти и окупатори“, рече Каракачанов.
Во текот на вчерашниот ден на бугарскиот портал trud.bg беше објавена колумната на историчарот, публицист и новинар, Росен Тахов со наслов: ИСУС ХРИСТОС БИЛ МАКЕДОНЕЦ.
Меѓу другото, Тахов во колумната посветена на мистериите поврзани со потеклото на Исус Христос, пишува и за тезата дека постои теорија дека Човекот Бог потекнува од село Витлемово близу Охрид.
„Се верува дека настанот се случил во Витлеем. Оваа географска точка беше оспорена во 2013 година. Тогаш, група македонски археолози објавија дека Исус е роден во селото Витлемово близу Охрид. Тие се нарекуваат „језуити или Исусовци“ и ја бараат автентичната Христова праведност. За време на изградбата на автопатот кон Тирана, тие дојдоа до феноменално откритие. Водач на ентузијастите е специјалист со библиско име Аврам Јаков. „Постојат некои докази дека тука се родил Исус“, тврди тој…Истото место постоело и во античко време. За тоа сведочат текстови во Библијата, кои беа ревидирани од македонската влада пред неколку месеци. За време на владеењето на Јустинијан селото било економски развиено. Во периодот на раното христијанство, ова место било познато како место на раѓањето на Исус. Тогаш сите ја прифатија христијанската вера и изградија цркви. Соседите се убедени дека ова откритие ќе ги внесе во Европската унија. Како лулка на христијанската цивилизација!“, пишува во колумната Тахов.

Росен Тахов е публицист и преведувач. Роден е 1959 г. во Софија. Завршил бугарска филологија и историја и работел во Институтот за литература при Бугарската академија на науките (БАН). Работи како заменик на главниот уредник на весникот „Поглед“. Издал неколку книги, меѓу кои Големите бугарски сензации, Големите парламентарни циркузи, Книга на гениите и Убиството на Ботев.
И.Т.З.







