ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Лага е дека премиерот Заев рекол „историјата е вишок“

December 24, 2020 08:10
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текст со манипулативен наслов, споделен на Фејсбук, каде што изјавите на премиерот Зоран Заев се извадени од контекст и се тврди дека тој рекол оти историјата е непотребна и дека е вишок, а дека наставниците што ќе останат без работа се неважни, изнесени се низа непроверени и невистинити факти, објави Вистиномер.

Се тврди дека премиерот истакнал оти фузирањето на предметите во училиштата се користи за да се отстрани нешто од образованието и дека рекол дека историјата не е потребна.

Воопшто не е точно дека Заев истакнал оти историјата не е потребна на прес конференцијата која ја одржа во владата, а која што може да се види на овој линк.

Напротив, во извадокот кој се однесува на образованието (од 01.01..52) на линкот, премиерот експлицитно кажува дека намерата не е да се укинат предмети, меѓу кои историја, географија, хемија, биологија.

Преку образовната реформа во основното образование, во наставата ќе се учат наставни содржини клучни за нашите деца, суштински за учениците да влезат подготвени во овој нов современ дигитален свет. Во образованието вклучуваме медиумска и дигитална писменост, содржини за антикорупција, екологија, но и содржини по хигиена, круцијални во борбата со ковид. Се разбира новите содржини не одат на сметка на постоечките. Учениците и понатаму ќе учат историја, географија, хемија, биологија и сè друго што е неопходно за нивните знаења. Но, за оваа работа допрва претстои дебата и ќе го избереме најдобриот модел кој е можен да се практикува во нашата земја. Да не заборавиме дека образованието постои доминантно поради децата, рече Заев.

Во првиот дел од своето обраќање тој вели:

Во делот на образованието, неколку пати коментирам. Мораме да продолжиме со реформите. Се јавува ново време на дигитализација и осовременување. Сите зборуваме дека се неопходни реформи во основното образование. Она кое е предочено пред јавноста е модел за кој ќе отвориме дебата. Да не заборавиме дека образованието постои заради учениците. Тој дел од дебатата каде што гледам дека се фаќаат засегнати наставници, ќе ми извинат, но образованието постои заради учениците. Нашата намера не е да укинеме историја, географија, биолгија, физика. Не! Фузирањето значи ефикасност, намалување на наставни содржини кои се вишок и не се потребни сè со цел да добијат можност за општествени и социјални дејности во рамките на школскиот период од денот, а ќе дадеме и многу општествени содржини кои ќе влијаат за развојот на карактерот на едно дете. Не брзаме со оваа работа. Важна е, но ќе слушаме внимателно од сите што укажуваат за одредени промени, сугестии и слично. Тука се универзитетите, професорите, учителите, наставниците но и стручните служби од МОН и Бирото за развој на образование.

Во текстот што го рецензираме се тврди и дека Заев испратил порака до наставниците дека не е важно што некои од нив може да останат без работа.

Ниту ова не  е точно.

Министерката за образование Мила Царовска, во изјава за Алсат М вели:

„Предмет историја ќе има како научна дисциплина. Ќе има и предмет граѓанско општество, и географија, биологија и хемија, но тие ќе бидат организирани на поинаков начин на учење. Сите научни дисциплини остануваат во основото образование. Образовниот апарат не смета дека дел од овие научни дисциплини треба да ги нема. Напротив, сите ќе ги има, ќе се учат и подлабоко и поквалитетно затоа што низ процесот на интеграција дозволуваме ученикот да разбере контекст во кој одреден лик или случка од историјата се наоѓал, каде живеел, итн. За да може тој да создаде поинаква перцепција за тоа случување и, секако, тие знаења што ќе ги стекне од предметот општествени науки понатаму да може да ги користи и да донесува одредени заклучоци“.

Новата концепција не значи укинување на научните дисциплини, туку организирање на поинаков начин преку теми што ги поврзуваат и осмислуваат фактите и обезбедуваат знаења коишто учениците ги доживуваат како релевантни и корисни, вели професорката Виолета Петроска Бешка, која учествуваше во креирањето на новата концепција за основно образование.

Новина во концепцијата за основно образование е тоа што наставните предмети биологија, хемија и физика ќе се интегрираат во единствен предмет природни науки со модули за биологија, хемија и физика.
Ваквиот начин на изучување на предметот природни науки се применува во многу модерни образовни системи ширум Европа и светот, а наставните програми за овој предмет ќе бидат современи, односно ќе се учи на база на истражување и примена на експерименти во наставата, вели Иванка Мијиќ, советничка од Бирото за развој на образование.

Министерството за образование и наука веќе изработи и кампања за едукација и објаснување за дел од грижите што граѓаните може да ги имаат поради новиот концепт на наставна програма за основното образование.

Интегрираните предмети не се новина во образованието во светот, ниту во нашиот образовен систем. Таков е примерот со предметот Природни науки за шесто одделение, кој е мултидисциплинарен и вклучува содржини од биологијата, хемијата, физиката, екологијата, исхраната…. Многубројни истражувања покажуваат дека интегрираните наставни програми им помагаат на учениците да ги согледаат врските меѓу различните природни и општествени појави да го поврзат тоа што го учат со секојдневието и да развијат вештини за доживотно учење.

Не е точно ниту тоа што го тврди текстот што го рецензираме, дека ќе се намали бројот на наставници.

Концепцијата за основно образование не го одредува бројот на наставници, но направените анализи укажуваат дека сите наставници остануваат на работа, бидејќи севкупниот број на часови во наставниот план не е намален.

Оттука, ниту е точно дека ќе се намали бројот на наставници, ниту премиерот кажал оти се укинува предметот историја, туку напротив, тој експлицитно во два наврати во текот на прес конференцијата, укажува дека предметите ќе останат во образовниот систем на основното образование, само со поинаква концепција на интеграција./ Вистиномер/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

June 16, 2025

Презентиран Договорот за финансирање на заедничките активности: Владата и донаторите треба зедно да ги дефинираат клучните проекти за граѓаните

June 16, 2025

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првпат во историјата жена ќе раководи со Британската разузнавачка служба МИ6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk