ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почна чистењето на депонијата во Визбегово

December 25, 2020 14:46
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, градоначалниците на Град Скопје, Бутел и Шуто Оризари Петре Шилегов, Велимир Смилевски и Курто Дудуш денеска ја посетија депонијата во Визбегово, каде почнаа активностите за нејзино чистење.

Министерот Нуредини истакна дека се работи за чистење на една од најголемите еколошки закани на Скопје, која посебно во зиме влијае на почвата и на квалитетот на воздухот.

-Свесни за тоа, со ребалансот на буџетот, Министерството побара средства за справување и чистење на депонијата во Визбегово во вредност од 20 милиони денари за да помогне во санација на оваа локација, рече Нуредини, додавајќи дека работат интензивно. Потсети дека пред два дена во Владата беа усвоени пакет на шест комплетно нови закони за управување со отпадот, а се работи и на обезбедување средства за инфраструкатура за собирање, преработка и третман на отпад и градење стандардизирани регионални центри и депонии.

Градоначалникот Шилегов најави дека почна расчистување на еден од повеќедецениските еколошки проблеми во Скопје – депонијата во Визбегово, која е на граница меѓу општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер-Сандево. Депонијата, според него, влијае на загадувањето зошто често била предмет на самозапалување или била палена од страна на несовесни граѓани.

-Денешната акција е доволен доказ како извонредната соработка што можат да ја остварат централната и локалната власт може да резултира конечно со решавање на ваквите проблеми, нагласи Шилегов на денешната прес-конференција. Изрази благодарност до Владата и до Министерството за животна средина и просторно планирање.

Тој очекува дека во следните 30 дена ќе биде исчистена оваа површина од околу 10 хектари, а треба да бидат фрлени над 50.000 метри кубни комунален смет и шут, да се израмни и да се заштити подрачјето и од депонија да прерасни во зелена оаза. Шилегов потсети дека Град Скопје годинава спроведуваше вакви акции во повеќе скопски општини, како во Ѓорче Петров, во населбата Мичурин во Опшптина Аеродром и во Кисела Вода.

-Дојдено е до здружување на инспекциските и редарските служби на Градот и општините и понатаму нема да има никаков вид толерирање за несовесните граѓани кои го фрлаат отпадот, особено на вакви точки. Мојот апел до граѓаните на Скопје е да го чуваме нашиот град како да е нашиот голем дом. Онака како што сакаме дома да ни биде чисто, така да се однесуваме и кон градот и совесно да се однесуваме кон комуналниот отпад и шутот, нагласи Шилегов.

 

/МИА/
Next Post

Проект на ЦЕПАК „Прва линија на вистината“: Потребна е координирана акција во справување со лажните вести

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk