ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Забрчанец: 2021 година ќе биде година на македонскиот јазик, бидејќи е стогодишнина од раѓањето на Блаже Конески

December 25, 2020 14:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, Марјан Забрчанец, на денешната конференција „Перспективи 2021“, во организација на ЦИВИЛ, осврнуваќи се на тоа кои теми ќе бидат во главниот фокус на јавноста во С. Македонија во 2021 година, нагласи дека покрај борбата со дезинформациите околу вакцините против коронавирусот и односите со Бугарија тој очекува дека во 2021 година особен фокус како теми што ќе бидат актуелни во јавноста ќе бидат: правосудството, пописот, гасификацијата, легализацијата на канабисот и локалните избори.

„Во 2021 очекувам сериозно да биде третирана темата прочистување на судството во јавноста. На крајот на оваа година ќе биде презентиран концептот, за кој верувам дека правосудните органи ќе го одобрат, да го усвојат и да видиме конечно конкретни разврски поврзани со одвојувањето на нечесните од чесните судии во 2021.

Друг важен проект, важна тема која што е од највисок интерес на населението, би рекол повеќедецениски интерес на населението, е пописот. Планираме во април да се спроведе пописот. Тоа е најважната статистичка, можеби и повеќе од статистичка операција за земјава. Немаме спроведено попис повеќе од една деценија. Податоците од тој попис се, и тоа како, важни за проекциите за развој на државата, пред сé, економски и социјални, се разбира, многу помалку политички.

Друга тема што несомнено ќе се наметне, а е економска – новата македонска енергетика. Пред нас се сериозни процеси за гасификација на земјата. Во 2021 се очекува да почне изведбата на секундарната мрежа за десетина македонски градови. Значи, ќе почнат да се подготвуваат планови, ќе тргне реализацијата на поставување на цевките за гас кој што стигаат до домаќинствата во десетина македонски градови. Тоа навистина мислам дека е за одбележување и треба да се нотира. Ќе се зголеми и бројот на фотонапонски централи, на фотоволтаици што го користат сонцето како извор на енергија за производство на струја. Ќе се зголеми бројот на поставени ветерници во Северна Македонија и навистина мислам дека тоа е еден нов економски, енергетски бран, што е во корист и на животната средина, во исто време.

2021 година ќе биде и година на промена по однос на политиките за користење или некористење на канабис во земјава. Очекувам да се зголеми бројот на дијагнози или на болести чии симптоми се третираат или се лечат со медицински канабис. Сметам дека употребата на медицински канабис, не само во светот, полека добива сериозна поддршка од граѓаните и во земјава. Се разбира, помал е бројот на граѓани кои поддржуваат декриминализација и депенализација, меѓутоа, ако се има предвид бенефитот што се добива од користењето на канабисот во медицински цели, мислам дека е сосема во ред во 2021 да очекуваме извесни чекори и кон декриминализација и депенализација во делот на мали количини за лична употреба. Се разбира, полицијата и понатаму и во 2021 ќе продолжи со силен интензитет да расчистува криминални и коруптивни дејствија поврзани со трговија на дроги, што се веќе секојдневие. Тие акции на МВР се секојдневие и верувам дека и во 2021 ќе продолжат.

2021 година, да не заборавиме, ќе биде и година на локални избори. За жал, граѓаните во одреден период ќе бидат сведоци или учесници на, повторно велам, моменти на нечиста кампања помеѓу партиските или политичките субјекти. Мислам дека амбиентот се подобрува во однос на јавните комуникации поврзани со изборите. Меѓутоа, сепак во земјава имаме политички чинители кои и понатаму спроведуваат валкана кампања, црна кампања, кампањи полни со говор на омраза. Треба граѓаните да знаат дека во рамките на тој амбиент, предизборен, што ќе се случува некаде наесен 2021, ќе има моменти и на нечесна комуникација што некои од партиските центри ќе ја спроведуваат.“, истакна Забрчанец

Забрчанец посебно нагласи дека 2021 година ќе биде година на македонскиот јазик, зашто се одбележуваат 100 години од раѓањето на Блаже Конески, а моментот е препознаен и од УНЕСКО.

„За крај, мислам дека 2021 година ќе биде и година на македонскиот јазик, бидејќи е стогодишнина од раѓањето на Блаже Конески. Тој момент е препознаен, одбележан и од УНЕСКО. Ќе има серија активности и во земјава и пошироко од земјава поврзани со делото и ликот на Блаже Конески, кодификаторот на современиот македонски јазик. Очекувам, во Љубојно, старото, сега разрушено училиште што било второ по ред, после Втората светска војна, во кое почнало да се учи на македонскиот јазик, конечно да стартува реконструкцијата за што владата обезбеди средства и тоа старо училиште да се претвори во центар за грижа и промоција на македонскиот јазик.“, нагласи националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, Марјан Забрчанец, на денешната конференција „Перспективи 2021“, во организација на ЦИВИЛ.

Ј. Ѓ.

Next Post

Забрчанец: Владата на С. Македонија е на првото место по отвореност од земјите од регионот, според Здружението „Action Southeast Europe“

НАЈНОВО

Пентагон го поддржа барањето за „Томахавк“ за Украина, Трамп треба да одлучи

October 31, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Трамп потврди дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа.

October 31, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ се извини за работите што им ги кажал на демонстрантите и студентите

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk