Во Кичево се пронајдени и одземени околу 37.000 пиротехнички средства и приведено е едно лице.
„На 24.12.2020 полициски службеници од ОВР Кичево, по претходно добиени оперативни сознанија извршија контрола во правно лице во Кичево, чиј управител е Е.Е. (44) од Кичево. При прегледот се пронајдени и одземени пиротехнички средства, по што е извршен и претрес, по добиена наредба од Основен суд Кичево, во дом и други простории на Е.Е., при што е пронајдена поголема количина пиротехнички средства. Вкупно се запленети 36.576 пиротехнички средства, а Е.Е. е приведен и протов него ќе биде поднесена соодветна пријава.“, информираат од МВР