„Несомнено дека борбата со коронавирусот ќе продолжи и во наредната година, без разлика што сега епидемијата на некој начин спласнува и имаме помалку пациенти во болниците, повеќе термини за тестирање. Тоа не значи дека ќе се опуштиме, оваа борба со вирусот до сега не научи дека вирусот е многу непредвидлив и ние мора да бидеме спремни.“, рече министерот за здравство, д-р Венко Филипче, за Конференцијата „Перспективи 2021“ во организација на ЦИВИЛ.
Тој појасни дека ковид пациентите бараат интензивно лекување, а да се зајакнат здравствените институции за такво лекување, навистина е најкоплексно..
„Проектот со поставување на модуларните болници како ковид центри кој беше одолговлекуван од техничката влада, конечно ќе биде завршен, но тие центри понатаму ќе може да се користат и за лекување на други пациенти.“, рече Филип,е
Министерот потенцира дека ќе продолжи вложувањето во примањата на здравствените работници, преку награди изголемивање на платите и нагласи дека за таа цел се работи заедно со синдикатите и здруженијата на медицинските работници.
„После долг период ќе се опремат болниците во Струга, болницата Св. Еразмо во Охрид и Ургентниот центар во Тетово. За прв пат магнетна резонанса ќе добијат Струмица, Прилеп, Гостивар и Охрид.Компјутерска томографија за прв пат добива: Кавадарци, Гевгелија, Кичево, Со ова пациентите кои досега мораше за радиолошка услуга да патуваат до Скопје, сега ги имаат во близина.“ рече Филипче.
Тој очекува да се реалзира помошта од Кина од 60 амбуланти возила, која требаше да пристигне оваа година, но заради ковид кризата се одложи за 2021 година.
Филипче е оптимист дека наредната година ќе почне изградбата на новиот клинички центар
„Интензивно се работи на новиот Клинички центар, верувам дека следната година навистина ќе почне со изградба. Верувам дека во период од 4 години веќе ќе го имаме и новото крило и на тој начин граѓаните конечно ќе имаат едно трајно решение што ќе служи во следните децении за да добиваат соодветно висок квалитет на здравствена заштита.“, рече Филипче
Во делот на медицинскиот канабис, министерот за здравство, потенцира дека ќе се зголеми листата на дијагнози, заради тоа што се повеќе има докази дека помага посебно во сверата на неуронаиката. ќе се зголеми и бројот на типови на специјалисти коишто ќе можат да го препишат канабисот за употреба.
„Ќе отвориме широка дебата во општеството за да го следиме примерот од многу напредни земји кои што одат на депенализација, декриминализација на канабисот, за да видиме која е правилната политика за да имаат бенефит и пациентите и сите други чинители, зашто тоа е едно поле кое може да значи огромен развој на економијата.“, нагласи министерот Филипче.
Излагање на Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, за Конференцијата „Перспективи 2021“, што е редовен годишен настан на ЦИВИЛ. На конференцијата учествуваа 20 говорници од низа општествени, академски и владини области.
Ј. Ѓорѓиоски