ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Пецас: Нема олабавување на рестриктивните мерки за Нова година и Водици

December 28, 2020 14:16
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Сигурно е дека нема да има олабавување на мерките за Нова година и Водици, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, потенцирајќи дека рестриктивните мерки, односно карантинот ќе бидат во сила, како што беше најавено до 7 јануари 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Пецас истакна дека за време на Божиќ сликата во Грција била подобра од онаа од други европски земји, но додаде дека за една седмица до десет дена ќе се покаже колку граѓаните биле внимателни.

Во однос на училиштата, портпаролот на грчката Влада рече дека приоритет е нивното отворање, а во текот на неделава министерката за образование ќе има средба со членовите на надлежната комисија.

-Приоритет на Владата е да се отворат училиштата. Во однос на останатите прашања, треба да видиме каква ќе биде ситуацијата следната седмица, на кое ниво ќе бидат новите случаи, каква ќе биде состојбата на националниот здравствен систем, особено на интензивна нега и во однос на приклучените на апарати и тогаш ќе донесеме одлуки за останатите сектори на економијата, објасни Пецас.

Истакна дека иако индексот на ширење на вирусот (Rt) е на ниско ниво, блиску до еден, сепак потребна е претпазливост и додаде дека според последните податоци од вчера, во цела Грција исполнети се 68 отсто од креветите на Одделите за интензивна нега, 63 проценти во областа Атика и дури 91 отсто во Солун.

Next Post

ЕУ одобри 70 милиони евра за вакцини наменети за Западен Балкан

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk