Како и секогаш кога е ДПМНЕ во прашање, не се престанува со креирањето на лажни вести. Знам дека ги боли успехот на градските политики во изминативе 3 години (и нив, а и богами и на некои самопрогласени “експерти” за Градот), но тоа никако не би смеело да биде причина за свесно лажење, напиша скопскиот градоначалник Петре Шилегов на фејсбук.
„Еве и официјално: Петре Шилегов немал, нема и ќе нема 19 годишен шофер. Ама лагите не се ништо ново за оваа и ним блиските структури. Што да им каже човек? Вие продолжете со креирање на лажни вести, јас ќе продолжам со развој на Градот и градските политики. И допрва ќе ве болат градските политики…
Скопјани се сведоци на трансформацијата на нивниот град кон поубаво и похумано место за живеење. Таа реалност не може да ја искриват лажни вести и измислени афери што јалово се пласираат од страна на опозициската ДПМНЕ колку само да го пополнат медиумскиот простор, без никаква одговорност кон граѓаните“, напиша Шилегов.