Настан „До каде сме со медиумските реформи“ ќе се одржи денеска во организација на Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис.
На настанот, како што соопштија од Фондацијата, ќе се презентира финалниот мониторинг извештај за медиумските реформи како и препораките од фокус групата од проектот „Опсерваторија на медиумските реформи 2“ (ОМР2).
Проектот е поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ).