ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Разорен земјотрес во Хрватска, места речиси срамнети со земја, бројот на жртви и повредени расте, потрес и во Италија..

December 29, 2020 17:59
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Лелеци и траор во Хрватска по земјотресот, најмалку четворица загинати, се стравува дека бројот на жртви ќе расте. Според информации на хрватските медиуми, во Петриња загина 13-годишно девојче и 20-годишно момче во близина на гратчето Глина. Исто така, медиумите јавуваат за уште две жртви од ова гратче.

Спасувачи од цела Хрватска тргнаа кон Петриња. Улиците на Петриња се преполни со урнатини, голем број згради се оштетени, а спасувачите трагаат по преживеани, јави Хина, повикувајќи се на информациите објавени од загрепската редакција на „Н1“ телевизија.

(ВИДЕО) Новинар известува од местото на земјотресот во Петриње, кога сè почнува да се тресе и руши. Се урнаа станови и згради, а голема штета претрпе и болницата во Сисак, која е оддалечена само 15 километри од Петриње.

Срушена болница во Сисак, евакуирани се сите пациенти (ВИДЕО). Уништена е целата Интерна медицина, одделението за интензивна нега, хирургија, гинекологија. Може да се каже дека остана само новата зграда. Ги преместуваме сите пациенти во нова зграда. Повеќето од уништените веќе не се користат. Министерот исто така контактираше со нас “, рече Дујменовиќ.

Владата на С. Македонија со првична помош од шест милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес. Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите. До премиерот Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот упатувам силна поддршка. Во име на сите граѓани на Северна Македонија изразувам и сочувство за жртвите.“, објави Заев.

Претседателот Пендаровски изрази сочувство за настраданите во земојотресот во Петрињa. „Поддршка за нашите пријатели во Република Хрватска. Првичните информации за земјотресот се застрашувачки. Сочувство до претседателот Зоран Милановиќ и од и до семејствата на сите настрадани“, напиша Пендаровски на „Фејсбук“.

Најмалку 20 повредени во земјотресот во Петриња. Градоначалникот на Петриња Даринко Думбович ја спореди состојбата во градот со Хирошима.

Земјотрес во северна Италија, почувствуван и во Хрватска. Епицентарот на земјотресот бил 22 километри од Верона.

Во болниците вкупно 985 ковид-пациенти, слободни околу 320 кревети. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.Министерството за здравство соопшти дека е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Новавакс тестира вакцина против новиот вид коронавирус. Во соопштението се наведува дека тоа ќе вклучува земање крв од учесниците во истражувањето кои примиле вакцина, а резултатите за ефикасноста на вакцината ќе се чекаат неколку недели.

Јовески до шефовите на јавните обвинителства: Нападите на нашата работа земете ги како поттик за уште поголемо и професионално ангажирање. Владеењето на правото, се вели во соопштението, не е цел што се постигнува за неколку години, а особено не во околности на нецелосно обезбедени материјални средства за работа, непополнетост на стручно-административниот кадар и на јавни обвинители.

Стабилно гласачко тело. А народот – 0,6% разлика!!! И ми светна дека ова што ние го нарекуваме Парламентарна демократија е фудбалска лига. Тимови, првенство, сојуз, играчи, тренери, пари, судии, кладилници, местења, меѓународни и домашни првенства, репрезентации, награди, фондови, кампањи, дресови, знамиња, борби и организации на НАВИВАЧИ. – пишува актерот Перо Арсовски.

Лукароски: Со ваква манифестација на омраза, Апасиев би имал НУЛА проценти рејтинг во Канада.Апасиев ги мрази сите, се сака само себеси. И не можам да не направам споредба со државата во којашто живеам. Си замислувам некој политичар во Канада јавно и силно да почне да манифестира омраза кон Французите, кон Кинезите, кон „нативните“ Индијанци итн….пишува Ацо Лукароски.

Македонската дијаспора од Англија покрена хуманитарна акција за Македонија. Македонската дијаспора од Англија, покрена акција за собирање на парични средства за купување на храна за социјално ранливите граѓани и еднородителските семејства во Македонија, наречена „Со љубов за Македонија“.

И.Т.З.

Next Post

Почина модната легенда Пјер Карден

НАЈНОВО

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

Мециновиќ прифати дебата со Ѓорѓиевски на телевизија Телма

October 23, 2025
Фото: МИА

Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk