Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до неговиот хрватски колега Зоран Милановиќ и до семејствата на настраданите во земјотресот во Петриња.
„Поддршка за нашите пријатели во Република Хрватска. Првичните информации за земјотресот се застрашувачки. Сочувство до претседателот Зоран Милановиќ и од и до семејствата на сите настрадани“, напиша Пендаровски на „Фејсбук“.
Претходно, премиерот Зоран Заев соопшти дека Владата на денешната седница донела одлука да финансиски да и помогне на Хрватска со 6 милиони денари.
Денешниот насилен потрес со интензитет од 6,3 степени се случи во 12:15 часот, а земјата во Хрватска и натаму се тресе. Хрватските медиуми јавуваат за десеттици повредени во Петриње, Сисак, Загреб и други градови. Досега официјално има само една жртва – 13-годишното девојче.