ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Кривична одговорност за сите групирања, бесплатниот телефонски број ќе помогне во спречување на забави

December 29, 2020 20:25
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако за време на новогодишната ноќ бидат издадени викендици или станови каде ќе има 15, 20 или 30 луѓе како група, тогаш и сопственикот на тој објект што го издал и оние кои се присутни на забавата ќе одговараат, односно ќе сносат кривична одговорност, рече вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој во гостувањето во телевизијата Сител, рече дека со групирање директно се прекршуваат мерките и се загрозува здравјето на граѓаните.

Во однос на бесплатниот телефонски број што беше објавен вчера на кој граѓаните можат да се јавуваат и да ги пријавуваат забавите и групирањата, Спасовски рече оти суштината на овој проект е да бидат партнери со граѓаните.

-Суштина на проектот е да бидеме партнери заедно со граѓаните. И тоа е секаде во развиениот и демократски свет. Ова не е враќање во некое друго време, тоа друго време беше време во кое власта правеше следење и прекршување на човековите права. Но, да се изборите за почитување на законот и почитување на одлуките да се озборите за заштита на здравјето на граѓаните, тоа не е недолично однесување, туку напротив, едно одговорно партнерско однесување на граѓаните, рече Спасовски.

Тој верува оти овој проект со телефонскиот број ќе помогне, затоа што како што рече, и до сега и деновиве имале бројни јавувања кои резултирале со спречување на таквите забави.

-Генерално нормално треба да помине новогодишната ноќ, да си празнуваме сите одговорно заради тоа што апсолутно мислам дека ќе биде погрешно и никој од нас нема да биде спокоен доколку на новогодишната ноќ организираме каква било забава или прослава или дочек на Новата година во некаков голем круг на пријатели, на соработници итн., додаде министерот.

Според Спасовски, граѓаните не треба ништо сериозно да направат во овој период, освен да празнуваат одговорно, да си празнуваат во кругот на семејството и на тој начин да придонесат заеднички кон справувањето со КОВИД кризата.

Појасни дека ќе има конторли на целата територија на државата во сите градови и во сите туристички центри.

-Ние сме должни да работиме да ги оствариме нашите овластување и да вршиме надзор и контрола во спроведување на мерките, посветено и максимлано ќе работиме да извршиме контрола таму каде е потребно и да помогнеме сите како општество да го спречиме ширењето на вирусот, рече Спасовски.

Министерот кажа дека Новата година ќе ја помине дома во кругот на своето семејство.

-Јас ќе ја поминам Новата година во кругот на моето семејство, впрочем секоја Нова година сум дома со семејството бидејќи имам премногу активности во текот на годината, а новогодишната ноќ е најубаво да се помине во кругот на семејството, додаде Спасовски.

Next Post

Вечерен преглед: Се намалува бројот на предмети- но се зголемува квалитетот на учење, Кривична одговорност за сите групирања

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

November 5, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk