Ако за време на новогодишната ноќ бидат издадени викендици или станови каде ќе има 15, 20 или 30 луѓе како група, тогаш и сопственикот на тој објект што го издал и оние кои се присутни на забавата ќе одговараат, односно ќе сносат кривична одговорност, рече вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2467 тестирања, а регистрирани се 498 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-246, Куманово-30, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-34, Тетово-19, Струга-15, Велес-5, Битола-10, Охрид-21, Кавадарци-14, Гостивар-19, Гевгелија-12, Струмица-8, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-7, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Пехчево-4, Берово-2, Валандово-3, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-7, Неготино-12.
Погрдни зборови доби професорка од средно училиште за време на онлајн час. Еден од учениците, незадоволен што треба да вклучи камера при испрашување, почнува да упатува навреди кон професорка, која пак решава да му стави единица за полугодие и да го пријави случајот до класниот раководител. Исечок од случката се најде на ТикТок.
„Заедно со наставниците, родителите и учениците увидовме дека сепак нашиот образовен систем е флексибилен. Иако имаше став дека е доста ригиден и дека тешко ќе се прилагодат на онлајн наставата. Сега тие ваквиот вид на настава го сметаат за предност. Велат дека ако до сега сме немале можност да стигнеме до видео ресурси и други електронски материјали, сега со еден клик имаме пристап до сите тие материјали. Со онлајн наставата е поедноставно презентирањето нa материјалот до учениците, но и тие поинтересно гледаат на овој систем на образование“, вели
Царовска.
Со интегрираното учење на историја, географија и граѓанско, учениците го разбираат контекстот во кој се случиле настаните, на која територија се случиле, какво било државното уредување и може да ги поврзат настаните, да ги стават во денешен контекст и да ги споредат, појасни министерката.
Владата на Република Северна Македонија на денешната 35-та седница донесе измени и дополнувања на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година, и донесе Уредба за изменување и дополнување на уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година.
Оваа година ни ги разбранува сите стравови, не фрли во пештера полна сомнежи. Извади од нас вулкан анксиозности, не тресеа земјотреси солзи и распаѓања. Сите сакале да признаеме или не – не здрма и не уништи. Но во исто време оваа година и не создаде. Разбуди кај нас емпатија, сочувство, одговорност кон себе си и кон другите. Ни подаде рака кога не фрли на под. Секој еден од нас ќе ја памти годинава, кој по добро, кој по лошо, кој по двете. НО ЗНАМ ДЕКА СИТЕ САКАМЕ САМО ЕДНО – А ТОА Е ДА СИ ЗАМИНЕ И ДА ДОЈДЕ НОВА, СРЕЌНА И УБАВА 2021!
Почина модната легенда Пјер Карден на 98-годишна возраст. Врвниот дизајнер издишал за последен пат во болница во близина на Париз.