#FrontAction
Полека – но сигурно се доближува најлудата ноќ во годината. Оваа година, најлудата ноќ да ја поминеме скромно. Со најблиските. Како што ја поминавме цела оваа толку чудна, сурова но во исто време и убава година.
Оваа година ни ги разбранува сите стравови, не фрли во пештера полна сомнежи. Извади од нас вулкан анксиозности, не тресеа земјотреси солзи и распаѓања. Сите сакале да признаеме или не – не здрма и не уништи. Но во исто време оваа година и не создаде. Разбуди кај нас емпатија, сочувство, одговорност кон себе си и кон другите. Ни подаде рака кога не фрли на под. Секој еден од нас ќе ја памти годинава, кој по добро, кој по лошо, кој по двете. НО ЗНАМ ДЕКА СИТЕ САКАМЕ САМО ЕДНО – А ТОА Е ДА СИ ЗАМИНЕ И ДА ДОЈДЕ НОВА, СРЕЌНА И УБАВА 2021!
Но, како што не научи 2020та за да ја имаме убавината мора да сме оговорни кон средината. Затоа на 31ви, сипете си винце, направете си мезе, пуштите гласна музика и уживајте со најблиските.
На праг чека нова убава година полна успеси и насмевки.
Ве сака вашата,
В
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Б. Ј.