ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Не мислам дека е грешка потпишувањето на Договорот со Бугарија

December 30, 2020 15:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не мисли оти е грешка потпишувањето на Договорот со Бугарија, туку смета дека тоа е исклучително исправно за државата да склучува договори, оценувајќи дека тоа е еден историски чин и придобивка. Неговите очекувања се дека идните политики во разумни периоди, надвор од изборни активности, ќе донесат решение, за што интерес имаат двта народи и двете земји.

– Не, не мислам дека е грешка, туку напротив мислам дека е исклучително исправно за државата да склучува договори, преку кои ќе бара решение со што ќе го гарантира европскиот пат на нашиот народ што е стратешка определба на сите, но стратешки интерес е на нашиот народ кој е исклучително пријателски народ да гради пријателства и да избегнува секаков вид на кавги. Нашиот македонски идентитет и македонски јазик никогаш не биле на маса на преговоори и разговори и никогаш нема да бидат. Никогаш. Затоа што тоа е наше право, самоопределување, наша европска вредност и право зад кое што стоиме и очекувам од бугарската страна да направи чисто признавање на македонскиот народ и на македонскиот јазик без какви било задршки, уцени и резерви затоа што пријателите токму тоа го прават, рече Заев во одговор на прашање на пратеникот Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ дали смета дека е грешка потпишувањето на Договорот со Бугарија, во којшто е вклучен и членот 8, што се споменува како „ас“ за блокирање на Северна Македонија.

Заев во одговорот беше дециден дека смета дека Договорот со Бугарија е историски чин и придобивка.

-Уште еднаш потврдувам не мислев тогаш, не мислам ни денеска дека е грешка договорот со Бугарија. Напротив мислам дека е историски чин, историска придобивка да постигнете договор со сосед, да подадете рака. До ден денеска тврдам дека формулацијата „заедничка историја“ помеѓу двата народи и двете држава е сериозна формулација на градење пријателство и европска иднина. Тоа е наша македонска историја и е бугарска историја, како што е нашата посебна историја, која ја имаме како македонски народ и целата наша земја. И апсолутно низ ваквите формулации можеме да градиме иднина, рече премиерот.

Според него, ако гледаме низ призмата на пријателството, со меѓусебно разбирање, дефинитивно ќе одиме напред, ако не ќе останеме изолирани како што бевме 12 години.

Во однос на историската комисија, Заев рече дека историските експерти се токму тие кои треба да бараат решение.

-Тие се доволно едуцирани. Кај нас се репрезенти, пред се, на Националниот институт за историја, врвни експерти кои немаат ни политичка профилација, најважна им е Македонија за која се залагаат и верувам дека ќе најдат начини да ги дефинираат сите оние предизвици кои се поставени на историската комисија. Историската комисија има записници за пет историски личности и три историски периоди, рече премиерот.

Изрази жалење што последната онлајн конференција, што се снимала, не бил успешен и се одржувал во предвечерието на изборите во Бугарија.

-Не успеаа да ги објават и да ги заклучат како материјали во учебниците во Северна Македонија и во Бугарија. Жалам што тоа не се постигна понавремено за да биде една причина за охрабрување за Бугарија да не прави вакви катастрофални грешки, и ние секако не се откажуваме, рече Заев.

Одговарајќи на пратеничко прашање премиерот беше дециден дека ретроградни процеси за поништување на договори и на членови, апсолуто можат само да ја „укотват“ целата македонска јавност и сите граѓани повторно во балканското сивило без каква било мотивација, безнадежност и перспективност.

Заев рече дека се покажа дека сите шпекулации дека се продаваат интересите на државата не се точни, како и информациите дека компаниите на Заеви извезувале во Русија, дека биле вградени бизнис интереси.

-Ниту некој побарал такви работи, ниту некој дозволил такви работи. Секако и македонската и бугарската страна очекува да растат инвестициите во двете земји, рече премиерот и изрази задоволство што се најавуваат сериозни инвестиции од Франција, но и од други земји како Германија, на пример.

 

/МИА/
Next Post

Град Скопје ќе даде помош од три милиони денари на настраданите од катастрофалните земјотреси во Хрватска

НАЈНОВО

ФФМ. Фото: Б. Јордановска

ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018

October 30, 2025
Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk