ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Која вакцина против Ковид 19 да се одбере, обвинение за Вело Марковски поради шверц со артефакти, лебот најзастапен на македонската трпеза…

December 31, 2020 18:03
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Традиционално, лебот најзастапен на македонската трпеза, се јадело и пилешко, сирење, но и благо. Од месата најприсутно е пилешкото кое во просек едно домаќинство трошело 35,9 килограми пиле, 14,3 килограми пилешки стек, јунешкото месо просечно се трошело по 16,1 килограм, телешко 11,8 килограми, свинското 29 килограми.

Нови 536 случаи на Ковид 19, починати се 15 лицa, најмладиот пациент на 40 години. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 741 оздравени пациенти.

Обвинение за д-р Вело Марковски и други седуммина за незаконски археолошки истраживањa и шверц на артефакти. Лицата се обвинети дека во текот на 2017 и 2018 година поединечно или заедно, без дозвола од надлежни органи, вршеле недозволени археолошки истражувања и ископувања на археолошки локалитети и локалитети со природни реткости на територијата на РС Македонија, пронајдените добра неовластено ги присвојувале и прикривале, а потоа добрата неовластено ги продавале на купувачи во земјава и во странство.

Која вакцина против Ковид-19 да се одбере?. Ова е текст во кој, колку што е можно во овој момент, собрав релевантни, проверени информации за вакцините за коронавирус. Текстот е поделен на два дела: првиот е список на факти што ги сметам за клучни за донесување одлука. Следува детална анализа на достапните податоци за вакцините кои наскоро ќе излезат на пазарот – пишува Милош Бабиќ, молекуларен биолог и невробиолог.

Лишен од слобода македонскиот државјанин осомничен за двојното убиство во Тирана. Како резултат на интензивните акитвности и опколувањето на пошрокото подрачје, полициските служненици го уапсија македонскиот државјанин Перпарим Адеми (59) осомничен за двојно убиство. Уапсениот се наоѓа во Управата на полицијата во Тирана, за понатамошна постапка, стои во полициското соопштение.

(ФОТО галерија) Скопје во пресрет на Новата 2021 година. Поради пандемијата од коронавирусот, оваа година светнувањето на новогодишната елка на плоштадот „Македонија“ беше симболично. Со тоа се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје.

2020-та, година на најголемите успеси во одбраната, година на НАТО – членството. Годината која светот ќе ја запамети по здравствената криза предизвикана од пандемијата на корона – вирусот, во одбраната беше успешна година, година на полноправно членство на нашата татковина во НАТО. Северна Македонија после три декади успеа да го исполни својот сон, да заокружи една стратегиска цел, а тоа е членството во најмоќниот воено-политички сојуз во историјата на човештвото, соопштуваат денеска од Министерството за одбрана.

Во кои земји во Европа и светот може легално да садите марихуана за лична употреба?

Кина ја одобри својата прва вакцина против коронавирусот, на „Синофарм“. Кина има за цел да вакцинира најмалку 50 милиони луѓе пред почетокот на празниците по повод Лунатата Нова Година, кон средината на февруари, со цел да го спречи ширењето на вирусот, бидејќи се очекува за време на празниците стотици милиони луѓе да патуваат за своите домови, пренесе ДПА.
ЕУ изрази жалење поради најавата за нови американски царини. САД најавија дека ќе воведат дополнителни царини за француските и германските производи како дел од долготрајниот спор околу субвенциите за производителите на авиони Ербас и Боинг.
Во Кина потврден прв случај на новиот вид коронавирус. Центарот за контрола на заразните болести на Кина соопшти дека новиот вид е откриен кај 23-годишна жена која на 14 декември долетала од Велика Британија во Шангај.
И.Т.З.
Next Post

(Анкета) Владанка Димковска: Што очекуваат граѓаните од Новата 2021-ва година?

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk