Поради пандемијата од коронавирусот, оваа година светнувањето на новогодишната елка на плоштадот „Македонија“ беше симболично. Со тоа се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје.
Градоначалникот Шилегов на сите свои сограѓани им упати честитка за Новата 2021 година и им посака среќа, благосостојба, здравје за нив и за нивните најмили и им порача да ја пречекаат во кругот на нивните најблиски. Упати и апел до своите сограѓани да останат дома со семејствата, да ја почувствувааат уште еднаш убавината на домот и да го направат тоа за нив и за нивните најсакани.
– Ако нешто нé научи оваа 2020 година, тоа е дека здравјето, семејството и најблиските се највисоките животни приоритети. Затоа, оваа година да прославиме поинаку. Да останеме дома и да ги оставиме големите прослави за некои други, посигурни времиња. Така, секој од нас ќе даде свој придонес во борбата, секоја следна година да ни биде поубава од оваа. Во новата 2021, посакувам здравје и спокој за сите, многу повеќе среќни моменти и успех на сите полиња, посака министерот Венко Филипче во видео обраќање.