ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Се намалува бројот на новозаразени, првите ковид вакцини во февруари

January 4, 2021 07:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве постепено се намалува бројот на новозаразени со Ковид-19, иако бројот на направени тестирања е помал во однос на претходните денови. Завчера од 378 тестирања беа регистрирани 46 нови случаи, а вчера од 1.525 тестови – 237 новозаболени. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, бројот на оздравени пациенти е речиси двојно поголем од оној на новозаболени. Во моментов во земјава се регистрираат 18.565 активни случаи.

Осум пациенти на возраст од 61 до 79 години вчера ја загубија битката со Ковид-19, а со тоа бројот на починати во нашата земја од почетокот на епидемијата надмина 2500 случаи.

Вкупно 911 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите. На инфективните одделенија во главниот град се лекуваат вкупно 374 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Министерството за здравство вчера соопшти дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна подршка.

Премиерот Зоран Заев во интервјуто за МИА најави дека првите количини од „Фајзер“ вакцината во нашата земја ќе пристигнат во февруари, а согласно планот за дистрибуција останатите се очекуваат во првите месеци од 2021.

Преку Ковакс механизмот се набавени 833 илјади вакцини за популација од околу 400 илјади граѓани за вакцина и ревакцинација. Нашата земја аплицирала за дополнителни 800 илјади дози преку Европската Унија која е во постапка за набавка на 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од Унијата.

Започнат е и процесот на планирање и подготовка на тренингот за вакцинирање согласно спецификите на вакцините за Ковид-19. Сите здравствени работници кои ќе бидат задолжени за аплицирање на вакцината се вклучени во обуката со поддршка на Светската здравствена организација и УНИЦЕФ.

Се набавуваат и фрижидери за секој тип вакцини и за сите температури.

– Добри вести се и оние кои велат дека вакцини за нашите граѓани ќе пристигаат во исто време кога ќе пристигаат и кај некои од земјите-членки на ЕУ како што се Бугарија, Австрија, Грција, Полска и кои веќе најавија дека дел од нивните вакцини ќе бидат распоредени и за земјите од Западен Балкан, вели премиерот.

Според него, Министерството за здравство веднаш откако се укажала можноста за директни преговори со производители на вакцини против Ковид-19, стапило во контакт со произведувачи на вакцини како „Фајзер“ и „Астра Зенека“.

Главен таргет на петтиот пакет мерки, Заев посочува дека се најпогодените од економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, а тоа се над 30 проценти компании заради поддршка на работните места и работниците преку плати, кои се движат од нето до бруто плата, од 14.500 до 21.778 денари. Во тек, како што информира тој, е и анализа за определување на целните групи на кои им е најпотребна финансиска или друга помош.

Next Post

Во 2020-та значително помалку пожари во Скопје

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk