ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Подготвени сме да слушнеме и да прифатиме се што е најдобро за учениците

January 4, 2021 15:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сите кои работат на новиот концепт на основното образование немаат лоши намери и се подготвени да ги слушнат сите експерти од сите области, вклучително и родителите и дечињата, и да го прифатат тоа што е најдобро за да стартуваме онака како што е најдобро за учениците и за нашите деца. Нема потреба да брзаме имаме доволно време по пат на дебата да извлечеме најдобар модел кој ќе биде во функција на образовниот процес на учениците, посочи премиерот Зоран Заев.

-Сите сфаќаме и потврдуваме дека ни требаат реформи во основното образование, бидејќи сите имаме деца или внуци или ќе имаме деца кои треба да тргнат во основно образование. Образованието постои заради децата, а не заради учителите, наставниците или професорите. Тие се тука и се драгоцени заради тоа што го пренесуваат своето знаење на децата. Ако тргнеме од принципот кај се гледам јас, што со моите часови, дали на факултетите ќе се одржат таквите катедри и наставни програми, а при тоа не ни се важни дечињата нема да стигнеме никаде, рече Заев во одговор на прашање по денешниот увид на вселувањето на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во новата зграда.

Верувам, дека со новиот концепт никој нема да остане без работа.

-Сите соодветно ќе бидат распоредени и можеби ќе бидат 12 часа на настава, а осум час на општествени и социјални активности со што ќе имаат нова можност и перспектива. Сепак, критиката е добредојдена и министерката, јас и сите во Владата, ќе го издебатираме целиот овој процес и ќе ги видиме најдобрите сугестии кои што постојат и согласно тоа ќе одлучуваме, посочи Заев.

Еден дел од сугестиите, прецизира, велат да се оди пополека и да не се избрзува. Да се тргне од прво одделение, па следната година од шесто одделение за да видиме како ќе влијае новиот концепт на образование зашто е поедноставно да се почне од прво одделение, бидејќи имаат само учителка и професор по англиски јазик или по физичко, а од шесто одделение имаат по 12 до 13 наставници и професори.

-Можеби треба да дадеме подолго време за шесто одделение за да се издискутира до крај и да тргнеме од 2022 година, но ова не го кажувам како експерт, туку за да знаат сите дека јас, министерката за образование и целиот нејзин тим, експертската и работната група се подготвени  да слушнат што е најдобро и да го прифатат тоа за да стартуваме онака како што е најдобро за учениците, потенцира Заев.

 

/МИА/
Next Post

Заев: Продолжуваме да градиме училишта за еднакво учење на сите граѓани на мајчин јазик

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk