Османи: Чекаме одговор од Бугарија за нашите предлози. Сега е време да се добие одговор затоа што е почеток на годината и затоа што треба да се утврдат акциските планови на комуникација на линиските министерства и што побрзо стигне тој одговор, кој може да биде основа за усогласен акциски план со цел да почнат линиските министерства веднаш со имплементцаија на тоа што го има во акциксиот план. Јас се надевам дека брзо во наредните денови ќе има одговор на тој акциски план, рече Османи
Шекеринска:Реветингот или ресертификацијата на припадниците на АРМ трае подолго време. Не сме ние тие коишто ги соопштуваме и ги образложуваме тие одлуки. Тоа е дел од работењето на една поширока Алијанса. Чекаме процесите да завршат и се разбира водиме разговори со кабинетот на Претседателот околу одлуката за наш воен претставник, вели Шекеринска.
Заев:
– Петти пакет економски мерки во февруари, најави Заев. Одма после Божиќните празници ќе се почне со дискусии и консултации со синдикатите, коморите, граѓанските организации и стручната јавност за да се димензионираат следните пакети мерки за помагање, а очекуваме некаде во февруари да почнеме да ги носеме следните економски мерки.“, вели премиерот.
– Jа одржавме македонската економија стабилна, 2021 е година на економски раст. Како што подвлече премиерот Заев, инклузивниот процес за креирање на политики и мерки за поддршка на сите граѓани вроди со резултати.
– Побаравме барем 5 проценти од вакцините кои сега ги имаат членките од ЕУ, да ги споделат со земјите од Западен Балкан. Очекувам на дело да ја видиме солидарноста на ЕУ овие денови, зашто тоа е еден од најизвесните начини уште во јануари да ја добиеме вакцината. Потоа очекуваме регуларна и редовна испорака на вакцините.“, нагласи Заев.
– Очекувам поддршка од опозицијата, нè личи да застанеме заедно зад изградбата на новиот Клинички центар. Уште еднаш ги повикувам сите партии од опозицијата да го поддржат најголемиот проект кој се финансира со државни пари – новиот Клинички центар за кој ако помине проектот веројатно и ЕУ ќе ни даде грант од 50 проценти од вкупната инвестиција, рече премиерот Заев на денешната прес-конференција.
– Се вложува во обновливи извори на енергија – гасна централа како замена за РЕК Битола, 400 мегавати ветерници кај Крива Паланка-Куманово.
Анализа: 64 отсто од граѓаните сметаат дека медиумите известуваат професионално за време на Ковид-19. Истражувањето е спроведено телефонски, од 14 до 20 декември 2020 година, на случаен примерок од 1003 испитаници. Според нивните одговори, секој четврти испитаник ики 25 отсто, целосно се согласува со оваа изјава, 39 отсто донекаде се согласуваат, 21,8 отсто донекaде не се согласуваат, а 13,6 отсто вооопшто не се согласуваат.