Уметникот Рејан Етеми од Тетово, познат по многуте цртежи кои ги реализирал во различни европски градови, доаѓа со најново дело во чест на актуелните херои од првата линија. На влезот наТетово, на еден од ѕидовите тој нацрта мурали како знак за поддршка на медицинските работници кои веќе една година, макотрпно се борат со најновиот предизвик, коронавирусот.
Со овие мурали, Етеми го става Тетово меѓу градовите кои на различни начини изразија благодарност и морална поддршка за медицинските работници.
А.З.





