ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Здружение на оштетени штедачи од Еуростандард банка: Се надеваме дека во Македонија ќе нема двојни стандарди

January 5, 2021 10:16
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сопствениците на изгорениот дел од трговскиот центар „Глобал“ во Струмица ги снајде голема несреќа. Настанатиот пожар направи значителна материјална штета. Тоа што премиерот Заев веднаш им вети помош е за поздравување. И треба да им се помогне, додаваат од Здружението на оштетени штедачи.

Но, „пожарот“ што се случи во Еуростандард банка е илјада пати поголем и посилен иако не се виде пламен. Преку невиден грабеж во банката што се случувал со години исчезнаа многу пари, речиси 60 милиони евра, како од заштеди така и од средства на тековни сметки на околу 3.000 семејства. Раководните лица во банката организирале континуирана кражба на депозитите преку пласирање на ултра ризични кредити на избрани фирми додека Народната банка ги толерирала и им прогледувала низ прсти. Балонот пукна во август минатата година и кражбата излезе на површина. На илјадници граѓани и фирми им изгореа животните заштеди и средства за опстојување, живот и работа. Им се уништи сегашноста и иднината на нив и на нивните најблиски. Се обратија до разни институции но сите врати останаа затворени. Добиеното сочуство не е доволно за решавање на ова горливо и мачно прашање коешто сега се случи на депонентите од Еуростандард банка, а утре може многу лесно да се случи и на останатите депоненти во други банки.

Кога минатата година оштетените депоненти побараа помош од премиерот Заев во вид на „позајмица“ односно носење на закон со којшто тие би се обештетиле а државата да наплати од стечајната маса, тој прво ги поддржа па потоа категорично ги одби со изговор дека се работи за „морален хазард“ како ризик да не се случи истото во друга банка. Сите веќе знаат дека државата преку Народна банка е најголемиот виновник за направениот „пожар“ во покрадената Еуростандард банка.

Дали премиерот Заев ќе разбере дека не се само оштетени дуќани и просторот во трговскиот центар „Глобал“ во неговата општина Струмица туку дека има и многу поголем број на оштетени граѓани и фирми кои ги загубија своите лични средства од животно значење поради масовна и свесна кражба во Еуростандард банка којашто се случувала под будното око на Народна банка? Дали премиерот Заев ќе се обрати и кон 149 фирми во Струмица, Скопје и други градови во државата да ги вратат нашите земени пари бидејќи не се нивни а за истите немаат воопшто или имаат дадено мали гаранции кога добивале кредити? Некои од нив, посебно оние кои премиерот Заев лично ги познава, се надеваме дека ќе бидат поттикнати да ги вратат парите веднаш. Дали државата конечно ќе направи нешто да ги казни криминалците во банката и сите останати кои биле инволвирани во овој масовен грабеж, а на нас оштетените граѓани и фирми ќе помогне да си ги вратиме нашите доверени пари во банка која пропадна поради голем толериран криминал со години?

Воедно, се надеваме дека во Македонија нема да има двојни стандарди. Само пред неколку години владеачката партија ја изнесе паролата „Едно општество за сите“. Дали оваа парола сеуште важи или брзо се заборави!?

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ВО ЖИВО) Прес-конференција на премиерот Заев и министерот Бесими

НАЈНОВО

Хороскоп со Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

October 18, 2025
Фото: СДСМ

Филипче од Куманово: Димитриевски и ЗНАМ одат во политичка пензија, ги чека пораз во Центар и Куманово!

October 17, 2025

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk