ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: 622 нови случаи на Корона, Коледарски Песни, Вмро-Дпмне ќе одеше на избори да ги имаше гласовите на СДСМ

January 6, 2021 20:54
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2452 тестирања, а регистрирани се 622 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-300, Куманово-29,  Дебар-10, Штип-18, Прилеп-23, Тетово-9, Струга-3, Велес-19, Битола-19, Охрид-22, Кавадарци-29, Гостивар-7, Гевгелија-10, Струмица-16, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-18, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Пехчево-2, Берово-19, Валандово-1, Виница-8, Делчево-6, Кратово-2, Свети Николе-4, Кичево-7, Ресен-5 и Неготино-15.

Ако оваа година не ве разбудија коледари на врата со коледарски песни, барем прочитајте си ги оние кои се најмногу пеени низ годините.Една од најпознатите песни што се пее за Бадник или Коледе е „Коледе леде“ карактеристични за скопскиот регион, а кои се останатите?

После меѓународната дипломатија, на која владата на СДСМ ги посвети првите две години од првиот мандат, оној од 2017 година, и успеа да потпише два договори и да ја внесе државата во НАТО, чин на кој Мицкоски не осети емоција кон државата и народот да аплаудира за историскиот успех, владата во третата година од мандатот се соочи со светска здравствена криза, во период кога имавме техничка влада. Тогаш предвремени избори беа неминовни за да се надмине таквата ситуација и да се избере политичка влада. Но, здравствената криза ги попречи сите планови за внатрешен напредок, покрај дипломатските успеси. Но, иако политичката ситуација беше турбулентна пред изборите лани, сепак владата најде начин како да спроведе четири пакети економски мерки, а на повидок е и петиот.

 

Зошто блокадата од Бугарија не може да биде причина за оставка и за предвремени парламентарни избори? Кога Франција не блокираше од процедурални причини, заради методологијата за проширување на Унијата, таа имаше поддршка од речиси сите земји членки, па Заев доживувајќи го тоа како личен пораз одлучи дека после неочекуваниот удар од Франција, треба да им се даде шанса на граѓаните на предвремени избори да одлучат дали остануваат на определбата за евроинтеграции. И тоа, тој го направи тоа во време кога беше очекувано дека рејтингот му се намалува, а не како што правеше Груевски кога ќе осетеше дека рејтингот му е највисок и знаеше однапред дека ќе победи на изборите. Дополнително што тој ги местел сите изборни циклуси и лажно се одржувал на власт.

 

Од самиот старт на ковид кризата владата ги презема сите неопходни мерки за заштита на јавното здравје, со мерки кои се речиси идентични низ целиот свет. Кога кај нас пандемијата доживуваше пик истото се случуваше насекаде без исклучок, кога ни се зголемуваше бројот на починати, зголемена бројност бележеа и државите со современи здравствени системи, едноставно корона вирусот создаваше иста клиничка слика низ сите држави, па ние не бевме исклучок.

 

Дали на државата и се неопходни предвремени парламентарни избори како што уверува опозицијата или таквата идеја на Христијан Мицкоски е само обид, во немањето идеји, да манипулира со јавноста дека власта исплашена наводно не сака избори, анализира НОВА. А зошто би сакала, кога избори имаше пред нецели шест месеци и СДСМ ја потврди довербата од граѓаните. Уште повеќе ако се знае дека на изборите во 2016 година СДСМ бројчано загуби од ВМРО ДПМНЕ и покрај тоа што после формираше влада, за разлика од последните избори кога СДСМ победи со предност од два мандата.

 

 

Next Post

Членки на ЕУ: Треба да се испратат вакцини против Ковид-19 до своите балканските соседи

НАЈНОВО

Скриншот

САД и Јапонија го зајакнуваат безбедносниот сојуз, Такаичи го забрзува зголемувањето на буџетот за одбрана

October 28, 2025
Скриншот

Гутереш повика на итни разговори за прекин на огнот во Судан по заземањето на Ел Фашер од РСФ

October 28, 2025
Скриншот

Седум загинати пред ударот: Ураганот Мелиса од Категорија 5 ѝ се заканува на Јамајка

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk