Фејсбук го блокира претседателот Доналд Трамп на своите платформи, вклучително и Инстаграм, на неодредено време, барем до крајот на неговиот мандат на 20 јануари, соопшти денеска Марк Закерберг.
– Шокантните настани во изминатите 24 часа јасно укажуваат дека претседателот Доналд Трамп остатокот од своето време во Белата куќа има намера да го користи за поткопување на мирниот и законски трансфер на власта на неговиот наследник Џо Бајден, напиша Закерберг во статус на социјалната мрежа.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, тој додава дека ризиците поврзани со користењето на услугите на неговата компанија од страна на Трамп се преголеми.
– Затоа го продолжуваме блокирањето на неговите налози на Фејсбук и Инстаграм на неодредено време, барем во следните две недели додека не е спроведен мирен трансфер на власта