ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

За Трамп, неизвесен животот после луксузот на Белата Куќа

January 7, 2021 16:24
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Доналд Трамп ја напушта Белата куќа, но тој нема тивко да замине. Откако не успеа во законските напори да го поништи својот пораз на изборите на 3 ноември од демократот Џо Бајден, кој победи на гласањето, формално го обележа крајот на неговото претседателството. Трамп повторно ќе влезе во приватниот живот на 20-ти  јануари со низа можности.

Само едно е сигурно, а тоа е дека жедта на Трамп за центарот на вниманието, ќе обезбеди тој да не ги следи стапките на минатите претседатели како Џорџ Буш, кој тивко се занимаваше со сликарство, или Џими Картер и неговиот глобален активизам.

Иднината на Трамп, како и неговото претседателствување, веројатно ќе биде гласна, дрска и проблематична. Исто така, нема да биде целосно под негова контрола. Тој се соочува со низа граѓански и кривично правни дејства поврзани со бизнисот на неговото семејство и неговите активности пред да ја преземе функцијата, што може да се забрза откако ќе ги изгуби законските имунитети дадени од Овалната канцеларија. ТВ ѕвездата, сега размислува за нови маневри како да го задржи центарот на вниманието, што несомнено секогаш било во фокус на неговиот живот. Трамп, кој одби да го признае својот пораз на изборите и продолжува да дава неосновани тврдења за широко распространета измама на изборите, размислува за уште една “шанса” во Белата куќа. Тој дури нагласи дека нема да присуствува на инаугурацијата на Бајден, и ќе го објави неговото повторно кандидирање за 2024 година тој ден, а ова е само потег што ќе му овозможи да ги продолжи немилите митинзи на кампањата на кои напредуваше во 2016 и 2020 година.

Тоа ќе го комплицира животот за долг список на други републиканци што размислуваат за кандидирање во 2024 година, вклучувајќи ги потпретседателот Мајк Пенс, поранешната амбасадорка на ОН, Ники Хејли и сенаторите Марк Рубио и Том Котон. Но, тоа би било вид на потег со кој Трамп се радува. Уставот на САД дозволува претседателите да бидат избрани на функции двапати и мандатите не мора да бидат последователни.

Гровер Кливленд е единствениот американски претседател кој служел два мандати. Тој ја напуштил Белата куќа во 1889 година откако бил поразен на реизбор и се вратил во 1893 година. Трамп веќе формираше комитет за политичка акција што ќе му овозможи да собере пари и да изврши влијание во партијата откако ќе ја напушти функцијата, без оглед дали станува кандидат или не. Желбата на Трамп да го задржи своето политичко влијание беше очигледна и во неговото неодамнешно одобрување на блиската сојузничка Рона МекДаниел за уште еден мандат како претседател на Националниот комитет на Републиканците.

Поранешната ѕвезда на реалната серија „The Apprentice“, Трамп разговараше и за неколку можни нови медиумски потфати за да го задржи центарот на вниманието, рекоа советниците, вклучувајќи телевизиски канал или компанија за социјални медиуми за да им конкурира на оние за кои смета дека го предале. Телевизиски канал за вести ќе го прифати „Фокс њуз“, близок сојузник на Трамп.  Трамп би можел да соработува со ,,One America News Network” или ,,Newsmax”, кои се фокусираат на позитивно  претставување  на Трамп. Форбс процени во септември дека, нето-вредноста на Трамп се намали за околу 600 милиони долари од претходната година, на 2,5 милијарди долари.

Откако ќе ја напушти функцијата, Трамп исто така ќе мора да се бори со неколку правни проблеми, a, сите станаа позагрозувачки затоа што ќе ги изгуби законските заштити што му беа дадени.

Окружниот правобранител на Менхетн, Сајрус Венс спроведува кривична истрага за Трамп и семејната компанија, Организацијата Трамп. Истрагата првично се фокусираше на исплати на пари направени пред изборите во 2016 година на две жени кои изјавија дека имале сексуални средби со Трамп, што претседателот ги негираше.

Но, Венс, демократ, предложи во неодамнешните поднесоци во судот истрагата да се прошири и сега може да се фокусира на банкарски, даночни и осигурителни измами, како и фалсификување на деловни записи. Трамп го нарече случајот политички мотивирано малтретирање. Њујоршкиот јавен обвинител Летиција Џејмс, исто така демократ, има активна истрага за даночна измама против Трамп и семејната компанија. Организацијата Трамп тврди дека случајот е политички мотивиран. Истрагата е граѓанска истрага, што може да резултира со финансиски казни, но не и затвор.

Трамп исто така може да се соочи со кривично гонење покренато од Министерството за правда на САД за обвиненија за затајување на данок на доход.

За да биде поинтересно, листата на кривични гонења станува уште понеизвесна со вчерашните случувања во Вашингтон. Иако Трамп, неговиот личен адвокат Руди Џулијани и неговиот син Доналд Трамп помладиот не беа лично вклучени во окупацијата на владините канцеларии, пробивањето прозорци или други присилни дејствија од толпите на приврзаници што ги истераа членовите на Претставничкиот дом и Сенатот и ја одложија  потврдата на резултатите од претседателските избори, сите тројца дадоа изјави што може да се опишат како провокативни. И во теорија, ова дејствие секако може да биде препишано на претседателот на заминување.

 

подготвила: Марија Миткоска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk