Деновите кога брзате на аеродром, го покажувате пасошот и се качувате во авион на закажаниот лет, за сега се само спомени. Ковид 19 пандемијата ја смени сликата за патувањата. Многу протоколи и мерки треба да се следат од минатата година.
Хенли Паспорт Индекс ( Henley Passport Index) повремено аналазира кој пасош е „најпријателски“. Ова е последниот извештај. Јапонија се најде на врвот на листата, а Северна Македонија е на 45. место, како земја чии граѓани можат без виза да патуваат во 124 држави, исто како и Црна Гора.
Бугарија и Хрватска се на 18. место и нивните граѓани можат слободно да патуваат во 171 држава. Србија е на 38. место.
Зад С.Македонија се Босна и Херцеговина, Албанија, Руската Федерација, Кина..
Јапонија е на врвот на листата
Азиските граѓани и натаму имаат намќен документ за патување. Индексот не ги пресметува повремените рестрикции, така што јапонските граѓани можат да патуваат без виза во дури 191 земја во светот. Сингапур е веднаш зад Јапонија. Граѓаните на оваа земја имаат можност слободно да патуваат во 190 земји.
Во 189 земји во светот, без виза, само со пасош, можат да патуваат граѓаните на Јужна Кореја и Германија. Овие две земји имаат можност слободно да посетуваат 189 земји и се наоѓаат на високото трето место на листата на најмоќни пасоши. Во 185 држави, без виза можат да патуваат граѓаните на Нов Зеланд, Австралија е на осмото место.
Најмоќните пасоши им припаѓаат на:
- Јапонија (191 дестинација)
- Сингапур
- Јужна Кореја и Германија
- Италија, Финска, Шпанија, Луксембург
- Данска, Австрија
- Шведска, Франција, Португалија, Холандија, Ирска
- Швајцарија, САД, Обединетото Кралство, Норвешка, Белгија, Нов Зеланд
- Грција, Малта, Чешка, Австралија
- Канада
- Унгарија