ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На ГАК адаптиран нов простор за Дневната болница и салата за киретажа

January 8, 2021 13:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Нов простор добија дневната болница и салата за киретажа на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. По тој повод Клиниката денеска ја посети министерот за здравство Венко Филипче.

– Изминатите месеци интензивно работевме за да се опреми и оспособи една нова дневна болница во рамките на Клиниката за гинекологија и акушерство со оглед на тоа што сега Клиниката е и ковид – центар и навистина се намали просторот кој беше на располагање. Сега имаме современо опремен мини центар за изведување на мали интервенции. Тука се изведуваат абортусите со целосно опремени нови кревети, дневна болница која ќе биде на располагање на сите пациенти на кои им е потребна оваа интервенција. Центарот е опремен и со два гинеколошки стола, две машини за анестезија и значајно се зголемува капацитетот, изјави Филипче.

Посочи дека со директорката на Клиниката, Викторија Јовановска разговарале и за промена на системот кој веќе година дена функционира после промена на Законот во смисла на либерализација на целокупната постапка на абортус при што волјата на жената ја ставиле на прво место.

Многу е симплицифиран целиот тој процес, посочи Филипче и додаде дека нема повеќе чекање од три дена туку веднаш се спроведуваат постапките согласно новата измена на Законот и во последните два месецa првпат на Клиниката после соодветната набавка и медикаментозниот абортус посебно кај жените во пораните фази на бременоста.

– Разговаравме и за плановите за 2021 година. Еднаш најавивме, но тој план се одложи поради ковид кризата, а тоа е роботската Да Винчи хирургија. Во периодот кој е пред нас ја почнуваме постапката да се набави овој современ хирушки апарат – роботска хирургија каква што досега немало во земјата и ќе се користи најмногу од експертите од областа на гинекологијата и од специјалистите уролози со што значајно се зголемува квалитетот на здравствената услуга во еден сегмент кој досега го немало во нашата земја, додаде Филипче.

Директорката на Клиниката, Јовановска рече дека секојдневно се справуваат со затекнатите состојби во таа јавна здравствена установа.

– Просторно немавме можности во адекватни услови да се изведуваат киретажите и абортусите на Клиниката. Успеавме да преадаптираме простор во кој ќе се изведуваат киретажите и пациентите ќе имаат адекватни услови и третман, додаде д-р Јовановска.

 

/МИА/
Next Post

Спасовски: Измени во Законот за државјанство само со заштита на националните и државни интереси

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk