ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Првите вакцини преку Ковакс-механизмот ќе стигнат на крајот на месецов или на почетокот на февруари

January 8, 2021 16:17
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека вчера со писмо е најавено дека првите вакцини од околу 833 илјади дози преку Ковакс-механизмот е  можно да стигнат на крајот на јануари или на почетокот на февруари и согласно со спремноста на нашиот здравствен систем за нивно аплицирање, нашата земја би била меѓу првите што ќе ги добие вакцините преку овој механизам.

Според нивното писмо, како што рече, станува ззбор за вакцини од „Фајзер“, а следна која доаѓа предвид, рече министерот, е вакцината на „АстраЗенека“.

-Освен најавата дека е можно да стигне одредена количина на крајот на јануари или почетокот на февруари, нема најава за точна количина, како што нема ни една земја од Ковакс-системот. Очекуваме тоа да биде следниот чекор, изјави Филипче одговорајќи на новинарски прашања.

Рече дека сме аплицирале со сите документи во однос на спремноста – со анализата и евалуацијата на нашиот систем направени со Светската здравствена организација.

– Аплициравме да бидеме во првата група земји коишто би ги примиле вакцините, согласно со спремноста на нашиот систем во однос на чувањето на температура на -70 степени, дистрибуцијата и практичната апликација преку центрите за здравје односно здравствените домови. Крајниот рок за апликација е 18 јануари, тогаш сите земји, според евалуацијата на СЗО се спремни, може да аплицираат, останува да видиме кога точно би пристигнала пратката, рече министерот за здравство.

Преку Ковакс-механизмот ќе добиеме  833 илјади дози вакцини за над 400 илјади граѓани. Покрај овие, ќе имаме околу 800 илјади дози од директната спогодба со „Фајзер“ како и преку третиот, солидарен механизам – отстапување одреден процент од вакцините што ги набавуваат земјите членки на ЕУ.

Филипче додаде дека со вакцините од сите механизми ќе бидат вакцинирани 1,2 милион граѓани во земјава, што е речиси 60  проценти од населението и, како што рече, предвидувањето е дека со нив треба да се постигне колективен имунитет.

 

/МИА/
Next Post

Штипјани ќе добијат повисоки сметки за вода за 5,4 проценти

[adrotate banner=”27″]

[adrotate banner=”28″]

НАЈНОВО

Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури

August 6, 2025

Специјалната болница за гинекологија „Мајка Тереза“-Чаир со нов ЕХО апарат за брза и прецизна дијагностика

August 6, 2025

Скендер Реџепи – кандидат за градоначалник на Скопје од Европскиот фронт

August 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судијката Ема Никочевиќ се врати на терен по успешна операција на д-р Венко Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сарачини: Политичарите „оглувуваат“ кога се зборува за национал-шовинизмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казна за младите тиктокџии кои го ризикуваа животот за 1 минута слава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава за Кавадарец – си го убил братот и го закопал во дворот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk