ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Тутунарите ќе ги решаваат проблемите преку нова средба со институциите и откупувачите

January 8, 2021 16:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжува откупот на тутунот, а продолжувa и битката на тутунарите за реално купување на родот и преземање на вишокот тутун. Oд Сојузот на земјоделските здруженија на Макеоднија и од Иницијативниот одбор на тутунарите најавуваат преговори и разговори во текот на наредната недела со владините институции и со откупувачите, што сметаaт, треба да го реши текот на откупната кампања зашто треба да се преземат најголемите количества тутун, преку 19.000 тони.

Според Менде Стоманроски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија ситуацијата на теренот е речиси непроменета, а просечната цена останата на 167 денари. Барањата се доставени до министерството за земјоделство, до инспекторатот, до премиерот.

– Идната недела треба да имаме состанок со министерот за земјоделство Хоџа, со премиерот.  На теренот ситуацијата е речиси непроменета од пред празниците. Ние бараме да се купува според класите, а не според шифри што дел компании продолжуваат тоа да го прават, да се зголеми динамиката, иако минимално е зголемена, но не доволно, сѐ уште не се купува вишокот тутун, а треба, според ветувањето на Министерството, да се купат и преку 430 тони од компанијата „Далија табак“ која не почна откуп. Многу ќе зависи од најавената средба со министерството за земјоделство и со откупувачите, вели Стомнароски.

Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на тутунарите вели дека битката за решавање на тутунарската мака останува докрај.

– Протестите се во мирување, многу зависи в среда од средбата во министерството за земјоделство која штотуку ни ја најавија. Но проблеми може да настанат кога ќе се откупуваат големите количества, зашто за преземање се речиси 20 000 тони тутун. Тогаш, кога врeмето ќе измине, ќе биде голема нервоза кај тутунарите, изјави Мирчески.

За откуп до крајот на февруари остануваат над 18 000 тони тутун. Досега се откупени преку 6.300 со просечна цена од 167 денари за килограм. /МИА/.

Next Post

Епидемиологот Радовановиќ: Мора да се испита високата стапка на смртност на лекарите

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk