Неколку часа откако Твитер трајно го блокираше личниот профил на Доналд Трамп во петокот, претседателот започна да твита од друга официјална сметка на @POTUS.
Но, Твитер скоро веднаш ја отстрани неговата серија твитови во кои Трамп ја критикуваше социјалната мрежа, демократите, оние што тој ги нарекува „радикална левица“, но и член 230 од законот, кој им дава право на Интернет компаниите да ги откажат или суспендираат тие сметки што ги сметаат за несоодветни, пишува Бизнис Инсајдер.
Твитер тогаш објави дека ќе го ограничи објавувањето на сметките на @POTUS или @WhiteHouse или официјалните сметки управувани од американската влада. Тој изјави дека засега не планира да ги суспендира, но дека тоа може да се случи во иднина доколку најавите бидат штетни.
Твитер суспендираше и друга сметка на Трамп, @TeamTrump, откако претседателот се обиде да твита преку тој профил.
Да потсетиме, Твитер објави дека трајно го суспендирал профилот на американскиот претседател Доналд Трамп поради ризик од понатамошно поттикнување на насилство.
„По деталниот преглед на неодамнешните твитови од профилот @realDonaldTrump и содржината околу него, ние трајно го суспендиравме тој профил поради ризик од понатамошно поттикнување на насилство“, се вели во соопштението на компанијата.