Продолжува талкањето по политичките и криминалните беспаќа на вмровската партија на Груевски што ја води неговиот советник за енергетика, познат и како „математичарот“ или „хидро“ Мицкоски. По бламажата за време на техничката влада во 2020 година, со Драган Ковачки (одбиен), Наќе Чулев, Рашела Мизрахи, Цветан Трипуновски и неколку други неславни ликови од нивната сликовница на политичките апсурди, вмровците се закитија со уште еден лампион – го номинираат Александар Даштевски за нов претседател на Државната изборна комисија.Веројатно малку луѓе ќе се сетат на него, но овој најнов бисер од кујната во белата дивоградба, Даштевски, не е наивен предлог.
Припадници на шпанската армија спасуваа возачи на автомобили заробени во снежната бура Филомена, што предизвика сообраќаен хаос низ целата земја и затворање на аеродромот во Мадрид.
По настаните од 27 април, 2017 година, кога насилната толпа упадна во парламентот и го загрози животот на пратениците, Даштевски од позиција на претседател на Комисијата за заштита од дискриминација изнуди одлука на комисијата со која наводно се потврдува дека Груевски е дискриминиран во судските просеци кои се водат против него, а се поврзани со криминал и корупција.
Големите кризи можат да послужат како катализатор за долго одложени и многу потребни промени што треба да се спроведат. Некои од промените што ги донесе пандемијата вреди да се задржат, други не толку, сепак, на процесот на донесување одлуки треба да се пристапи со размислување и намера. Не секоја стратегија е соодветна за секоја компаија.
Кралицата и војводата од Единбург денес биле вакцинирани против Ковид-19, соопшти Бакингемската палата.
Денес, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на покана на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, присуствуваше на приемот што се приредува редовно по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан.