ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Што биле Македонците и Бугарите пред да бидат ништо! 

January 10, 2021 17:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Не знам што пишува во Анексот од 12 точки.

Во еден момент посакав да видам што има во тој додаток, но во истиот момент почна да ме боли курот, па се откажав.

Ако е тоа пристоен текст, Македонија треба да го прифати, ако е непристоен треба само да го потпише.

Хахаха. 

Уште повеќе, највисоко ниво на историска свест Македонија ќе покаже ако им понуди бланко потпишан анекс во кој Бугарите ќе си ги наредат своите ставови, мислења, барања. Само будалите се возбудуваат над папирите со оваа грамажа. На Бугарите можат да им се доставуваат наместо порно материјал во клиниките за замрзнување на сперма, а на Македонците за бришење на усраните газови во историската сералница.

Надвор од овие практичности, кому му е гајле за вакви материјали.

Бе!

Демек, што биле Македонците пред сто години кога е општо познато дека не биле ништо. А и тие што мислеле дека се Бугари, не биле ништо. Обична неписмена селска раја. Ништо, во суштина, биле и тие што биле убедени или ги убедиле дека се Бугари. Добро, не сосема ништо, имало во нив убаво топовско месо за идиотските војни што ги губела нивната татковина која и ден денеска ужива во тие крвави бламажи.

Што воопшто тоа значело за дедо ми во Кркља.

Човекот бил цар, можел да биде се.

И уште повеќе, што тоа значи за мене денеска? Не е проблемот, драги мои, утре да се пишам Бугарин, но не можам да разберам каков е интересот на Бугарија да има едно говно повеќе во својот двор. И зошто е спротивно на нивниот интерес ако останам да ја ѓубрам македонската нива независно од националната припадност на дедо ми. Од друга страна, не гледам зошто луѓето се тепаат да бидат Македонци. Јас имам три милиони причини повеќе да не бидам отколку да бидам ваков, испохован во канцерогениот зејтин на вмро, всушност, нема полоша припадност, културниот момент ме шутира некаде далеку, но некоја инерција, физика клима и староста, ме држат тука.

Што е во мене македонско освен ропството.

Треба да навиваме условите односно барањата во тој документ да се потешки за нашето разбирање на работите. Затоа што тоа разбирање е погрешно и има нужда од некој надворешен сноп што ќе го разбие. Апсурдноста на бугарските барања се против Бугарија во правопропорционален однос со нивото на нивната апсурдност. И во корист на македонската страна ако таа собере сила да се еманципира. Да се ослободи од себе.

Ако македонскиот идентитет зависи од анексот во 12 точки, тогаш тој документ треба да го потпишеме за да се ослободиме од говњарството во себе, од себе си како говњарство, од тој говњарски идентитет. Ако е макар малку посилен, мислам, идентитетот, треба да го потпишеме како знак на сопствената супериорност, а не како акт на некаква капитулација и пораз.

Документите од овој вид се утеха за оние што дозволиле стварноста да се промени спротивно на нивните убедувања и на оние кои стварноста сакаат да ја сменат, но не можат. Играчка за политичките инфантили. Ако е точна нивната теза дека Тито и Коминтерната направиле од Бугарите Македонци, ќе се постави прашањето кај била и што правела мајка Бугарија  додека над нејзините чеда Јосип и Јосиф пред да се скараат, вршеле геноцид. Помакедончувањето на Бугарите во Македонија, во тој случај, ќе се покаже како најголем срам за земјата на Ботев, Левски, Живков… и останатите славни јунаци. Понеже, Софија дозволила два милиони Бугари да бидат отуѓени на најбрутален начин, да бидат македонизирани, што е исто како да биле фрлени на сто скали под бугарското ниво на еволуцијата, без еден руски тенк да се спушти кон Скопје по Крива река, без една единствена татковинска пушка да истрела макар еден куршум во заштита на националниот идентитет макар на еден Бугарин на Деве Баир.

За кој кур ви беше тој Варшавски пакт. Меморандумот ја преставува Бугарија како мајка која не фрли во контејнерот на комунизмот. Можеби затоа што и самата беше еден голем контејнер, но што од тоа. Дозволија 80 години да не ебаваат и сега се јавуваат како грижни родители. Сонував како од цела кофа балканско ѓубре анексот ми паѓа врз главата, таква ми била контејнерската среќа, Захариева сака да ме извлече, и подавам рака и ја стискам, како Мајкл Даглас што ја стискаше Шерон Сроун, а таа ми вика, смрдиш како Македонец, ај сиктер од мене. Јас ѝ викам, ама го имаш мојот потпис, бејби…

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонскиот оркестар „Фејмс“ дел од спектаклот за најавата на „Дизниленд Абу Даби“

May 14, 2025

Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад на снимање филм

May 14, 2025
Handy Wicaksono / Unsplash

Белгија: Поштарот во борбата против осаменост и депресија кај старите лица

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk