ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

„Цветовите“ на Мицкоски венеат за роденденот на великанот Славко Јаневски

January 11, 2021 12:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Да си го лустрираш авторот на првиот роман на современ македонски јазик, сега кога се бориш како Сизиф да го зачуваш идентитетот, е Едиповски ископлексирано, твитнав таа мрачна 2013 година кога власта на вмровците преку една од машите на современиот вмровски врховизам палеше сè што е вредно македонско и модерно револуционерно. Денес кога го одбележуваме денот на раѓањето на Славко Јаневски се сетив на тоа, а се сеќавам, еве веќе седум години.

Измислија тогаш лов на вештерки, повампирија и конструираа УДБА архиви за видни граѓани од Македонија, кои не им се вклопуваа во калапот на вмровштината. Не штедеа ни живи ни мртви, такви никакви се загнаа да ја обезличуваат и прекројуваат државата и историјата, па во тој безум го лустрираа и Славко Јаневски – еден од основоположниците на македонската современа литература и автор на првиот роман објавен на современ македонски јазик – „Село зад седумте јасени“.

Славко Јаневски, заедно со Блаже Конески, Ацо Шопов, Владо Малески и Коле Чашуле, во 1947 година го формираат Друштвото на писателите на Македонија, кое тогаш броело 7 члена. Потоа Јаневски бил и претседател на Друштвото.

Да не се лажеме ВМРО-ДПМНЕ преку лустрацијата на Јаневски се обидуваше да ја смени партизанската историја на Македонија, или поточно плодот на таа слобода – културата, творештвото и ништо помалку и повеќе од тоа.

Академик Влада Урошевиќ за Славко Јаневски вели дека тој е различен од другите писатели зашто е  уметник од ретка раса и бунтовник кој не прифаќа да оди по изгазените врвици, со особено чувство за хумор кое е во непосредна врска со неговото сфаќање на историјата.

Претпоставувам дека токму таа различност им смета на униформираните вмровци, токму тој црн хумор со кој често се служи Јаневски во своите дела ги боди застоените умови, па се решаваат да му го убијат името, делото и наследството што Јаневски го остави позади себе.

Појдоа дотаму што го лустрираа и академик Томе Серафимовски кој во чест на Славко Јаневски направи споменик што стои во паркот „Жена-борец“ во Скопје.

И, види сега парадокс.

Некаде пред оваа Нова година, на оние бедни протести, осоколените вмровски клукајдрвци на Мицкоски, решија дека „ќе го бранат идентитетот и јазикот“ со цитати од ни помалку ни повеќе, туку цитирајќи дело од Славко Јаневски. Се испендери Мицкоски пред толпата и зел ги цитира „Цветови“: В тиквешко негде, в некое село…

Мицковски тогаш нели ја замајуваше јавноста и инсинуираше дека имал информација дека со преговорите со Бугарија се распарчувал македонскиот идентитет, кога нели потоа испадна дека тоа што го говори Мицкоски е чиста и ефтина лага и клевета.

А што може повеќе да се очекува од оваа реинкарнирана вмровска банда?

Тоа е истиот Мицкоски и неговите клукајдрвци кои на нивните Конгреси пред очи на цела јавност на сметка на Гоце Делчев го величат Тодор Александров, и цело вмровско раководство на сиот глас ја пее „Нешто ќе те питам, бабо“ каде вели „Ниту Гоце Делчев, аго, ниту Даме Груев, тук’ ми беше, а бре аго, Тодор Александров“, за потоа без око да им трепне се пењават и го „бранат“ делото на Гоце Делчев.

Тоа се истите тие вмровци, тоа е истиот Антонио Милошоски, што го лустрираа Славко Јаневски, а великанот Блаже Конески го нарекуваа „џуџето од Небрегово“. Уште останува (како што маваа сатира на социјалните мрежи) на наредниот протест Антоњо да ја рецитира Везилка и да се заокружи комплет сликата за бранителите наши идентитетски вмровски, ем лустраторски.

Во беспоштедната пизма на се што е прогресивно и македонско вмровците и нивните „загари“ не го поштедија ни Кочо Рацин. Чилиманов, за Кочо Рацин напиша: Единственото добро нешто што може да се каже за џуџето од Велес е дека умрел на време… и во истиот текст го спомнува и Славко Јаневки како кодош.

Тоа се тие песови на вмровштината качени на грбот и делата на нашите творци кои сега се пењават и божем го бранат македонскиот идентитет па без срам користа цитати од токму тие што ги лустрираа.

Ако имаат трунка нешто достоинство останато во нив, ќе нè остават да си се сеќаваме на раат, да си ги славиме нашите македонски револуционери, поети, писатели и уметници на вистински начин, а некогаш кога (ако) ќе смогнат сили да се променат, кога можеби и ќе се извинат за злоделата што ни ги направија во оние 13 години од нивно владеење, тогаш, можеби ќе можеме да се сеќаваме и да го славиме заедно раѓањато на Јаневски како еден од основоположниците на македонската современа литература.

Тогаш како знак на извинување можеби и ќе отстапат барем еден спрат од белата палата како спомен-музеј на жртвите на вмровската лустрација, е тогаш можеби ќе цитираме заедно дела од Јаневски, од Коневски, од Рацин.


Текстот е личен став на авторот. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk