ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петмина осомничени за тешка кражба од банкомат во Гостивар

January 11, 2021 16:58
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“ согласно член 236 став 2 во врска со став 1 точка 1 и 2 од Кривичниот законик.

– Осомничените, четворица македонски државјани и една државјанка на Република Албанија, се здружиле и на 01.12.2020 година, со кршење и провалување, украле пари од банкомат сопственост на една деловна банка, поставен во мега-маркет на улицата „Илинденска“ во Гостивар, информира ЈО.

Во соопштението се посочува дека неколку дена претходно, првопријавениот и петтопријавената го неутрализирале сензорот на алармниот систем во маркетот, потоа, на критичниот ден, четворицата осомничени македонски државјани, со подесни предмети – хебли и физичка сила ја отвориле автоматската влезна врата на маркетот.

– Со хеблите и со батериска брусилица делувале врз банкоматот, насилно го отвориле капакот, а потоа и сефот кој се наоѓа во долниот дел. Од банкоматот одзеле четири касети во кои имало вкупно 1.800.000 денари и го напуштиле местото, се наведува во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител за четворица осомничени до судијата на претходна постапка од  Основниот суд Гостивар достави предлог за определување мерка притвор, додека еден од осомничените веќе се наоѓа во притвор, бидејќи му е поведена постапка за слично кривично дело извршено во Кичево.

– Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на четворицата осомничени им определи притвор во траење од 30 дена. За двајца од нив притворската мерка се применува, додека за првоосомничениот и петтоосомничената, кои се во бегство, притворот ќе започне да се применува по нивното лишување од слобода, информира ЈО.​​

 

/МИА/
Next Post

Кривична пријава против стружанец поради непочитување на мерките за изолација

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk