ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Почина академик Георги Старделов

January 11, 2021 21:34
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На 90-годишна возраст денеска почина академик Георги Старделов, поранешен претседател на МАНУ, еден од столбовите на македонската филозофска мисла и наука. Веста за неговата смрт ја соопштија од Македонската академија на науките и уметностите и Филозофскиот факултет на социјалните мрежи.

– Во голема жалост ја споделуваме веста дека денеска, на 90 годишна возраст, почина академик Георги Старделов, еден од столбовите на македонската филозофска мисла и науката за убавото. “Plenus annis abiit, plenus honoribus“, напишаа од Филозофскиот факултет.

Погребот на академик Георги Старделов ќе се изврши на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје на 13 јануари (среда) 2021 година.

По повод смртта на академик Георги Старделов, Македонската академија на науките и уметностите и Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе одржат заедничка Комеморативна седница на 13 јануари (среда) 2021 година, во 10 часот, преку видеоконференциска врска со употреба на интернет-комуникација.

Академик Георги Старделов (Гевгелија, 28 август 1930) е филозоф, естетичар, есеист, литературен критичар и антологичар. Акад. Старделов завршил Филозофски факултет, група филозофија, на Белградскиот универзитет (1953), а постфилозофски студии минал на повеќе германски универзитети (Минхен, Фрајбург и Франкфурт).

Докторирал филозофски науки (1965) на тема Развиток на естетиката кај јужнословенските народи. Бил професор на Филозофскиот факултет во Скопје (1956 – 1996), негов декан (1975 – 1977), прв декан на интердисциплинарните студии по новинарство (1977 – 1981), претседател на Друштвото на писателите на Македонија, претседател на Македонскиот ПЕН центар, претседател на Друштвото на филозофите на Југославија и на Македонија, член на Европската академија на науките и уметностите, а почесен член е на Асоцијацијата на шпанските уметници при Шпанската кралска академија и гостин професор на повеќе европски и американски универзитети.

Негови дела и трудови се преведени на повеќе странски јазици. За неговиот севкупен творечки опус на Филозофскиот факултет во Скопје е одбранета докторска дисертација под наслов „Естетичките, културолошките и литературнокритичките концепции на Георги Старделов“ (1977). Член е на МАНУ од 1986 година. Бил нејзин потпретседател (2000 – 2004) и претседател (2008 – 2011).

Основач е и раководител на Лексикографскиот центар на МАНУ од основањето (2000). Во МАНУ, од 1993 година го раководи макропроектот „Историја на културата на Македонија“ од кој во негова редакција се издадени 28 тома. Носител е на државната награда „11 Октомври“, наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, наградата „Кочо Рацин“ за најдобра книга на годината (Experimentum Macedonicum), наградата на ДПМ „Димитар Митрев“ за најдобра книга на критиката („Керубиновото племе“), Светската награда на хуманизмот, како и на повеќе странски признанија.

Академик Георги Старделов има објавено над 20 авторски книги. Во 2000 година му се објавени
избрани дела во девет томови.

Насловите на неговите авторски дела се книгите: Есеи (1958); Модерното и модернизмот (1962); Светови (1969); Антеј бара почва (1971); Доба на противречностите (1977); Меѓу литературата и животот (1981); Experimentum Macedonicum (1983); Изморена авангарда (1985); Вовед во иднината (1986); Искуства (1987); Портрети и профили (1987); Одземање на силата (1990); Summa aestheticae (1991); Антеј ја допира земјата (1993), Керубиновото племе (1997), Kerubin’s Tribe (на англиски јазик) (1998); Величанија (1997); Небиднината (2000); Искушенијата на естетичкиот ум (2003); Балканска естетика – една друга естетика (2004); Angelus Novus (2004); Ноќен градинар (2006); Небесен клучар (2008); Слушате ли Каинавелијци? (2010); Слова (2011); Summa aestheticae I–III (2015, I. Јужнословенска естетика; II. Балканска естетика, една друга естетика; III. Историја на европската естетика на ХХ век); Критика на деморализираниот ум (2018); Епоха Блаже Конески (2018) и Раѓање на трагедијата (2020).

Превел и приредил бројни капитални филозофски автори и дела. Автор е на антологиските избори од современата македонска поезија и проза: Повоени македонски прозаисти (1960, на македонски и на српскохрватски јазик), Четири поетски круга (1974, билингвално на македонски и српски јазик), Слобода или смрт (1978), Го знаеш ли поете својот долг (1981), Камбаните на Крушево (1983) и Современи македонски поети (1998, на бугарски јазик).

Next Post

Со законски измени ќе се зголемува опфатот на фирми што ќе може да аплицираат за државна поддршка

Shortcut

Најново

Ai Background Stock photos by Vecteezy

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК / ЦИВИЛ)

August 3, 2026
Мика Бојстер (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 3, 2026
Фото: Frontline PRESS

ЕУ легислатива за побезбедна и потранспарентна вештачка интелигенција

August 3, 2026

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk