пишува: РИБАРО
Следниот материјал во аудио формат во редакцијата на АХА ни пристигна од од нашиот узвор Ут Левичарск Наслушнигора. Дијалогот ви го преставуваме во целост.
– Димче братче, како да пишеме соопштение дека ќе бараш 30.000 евра за тоа дека си бил прислушуван, од партијата со која во последните неколку избори сме заедно, што јавно ко за Силјановска, што преќутно за сè друго, не дека на некого не му е јасно, ама бар апла да не биди? Ќе ни се смее јавност, дај да не се брукаме.
– А, бе ти да не си луд?! Ќе те обесам за лустерот, како се осмелуваш да ми противречиш. Пишувај таму и стави го и на социјални мрежи да знаат дека нема да ги оставиме на рат комуњарите, сороспиите и сите што мислат поинаку од мене.
– Братче Димче, нели ме слушаш што ти кажувам, од ВМРО-МВРО прислушуваа сè живо и диво, организирана политичка хајка координирана и спроведена од белата палата, беше тоа од невидени размери. Им пакостиш ним со ова, а се бламираме и ние како партија што уште сме за сè исто со вмровциве. Ене, веќе се заебаваат со нас па велат: „Левица, или Лавчица, како е правилно“. Она Лавчица, нели пежоративно од Лавица, како проститутката на лавот вмровски
– Кога кажувам ние сме лево крило на организацијата нели ти е јасно дека ние сме левото крило на ДПМНЕ. Кој мислиш дека ни собра потписи да се регистрираме како партија, кои судови ни обезбедија да смениме брави, печати да одземие, да ја украдиме партијава од вистинските левичари, кој ми помогна? Па нормално дека матицата го обезбеди сè тоа.
– Па тоа ти велам друже Димче, сега со пријавава…
– Читаш ли кој е партиски рејтинг на Мицко, а кој е мојот?
– До, но твојот е нели на Левица, а оној…
– Ти се заебаваш нешто со мене? Каква Левица, слеп ли си? Нели гледаш какви екстремно десни ставови имаме за сè, крајно националистички поставени спрема сите, говор на омраза кон се левичарско небаре грчка Златна зора сме, тој Левица ми кажува.
– Ме заболе мене за вашето левичарство. Има да ве искористам како партали и ќе ве фрлам како мивки чим се дограбан до целта, нели гледаш дека само мое г’зе си штитам, а ти ако зуѕниш нешто за ова ете го лустерот има да висиш.
Плафонерка е друже, не е лустер…
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK