ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

РСБСП: Ниски температури, снег, голомразица и влажни коловози-возете внимателно!

January 12, 2021 11:45
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

-По значителното влошување на временските услови во последните неколку денови во земјава и појавите на дожд, магла и снег кои се очекува да се интензивираат во наредниот период Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни, одговорни и подготвени за безбедно управување на возилото при ниски температури и зимски услови на патиштата.

РСБСП посочува дека ошто познат факт е дека временските услови влијаат на безбедното одвивање на патниот сообраќај и токму затоа потсетува на обврската за поседување зимска опрема во возилата која започна на 15 ноември минатата година и трае до 15 март оваа година.

-Оние возачи кои се уште не обезбедиле зимска опрема (синџири за снег или зимски гуми), потребно е веднаш да го сторат тоа, бидејки покрај санкциите предвидени со ЗБСП и можноста полицискиот службеник да ги отстрани од сообраќај, со не обезбедувањето на зимската опрема ја загрозуваат сопствената безбедност, но и безбедноста на сите други учесници во сообраќајот, посочуваат од РСБСП.

Воедно, се препорачува намалување на брзината и прилагодување според условите на патот поради појава на голомразица и влажни и лизгави коловози во услови на ниски температури и обилни врнежи од дожд или снег, која е очекувана, особено во раните утрински или доцните вечерни часови.

Меѓу препораките се и држење безбедно растојание и внимавање на однесувањето на другите учесници во сообраќајот, предвидливост, односно постапките во сообраќајот да бидат најавени, очекувани и предвидливи со редовно користете трепкачи и избегнување нагли дејствија, како нагло свртување, нагло запирање, забавување или забрзување на возилото и внимателно возење во услови на магла.

-Секогаш кога се движите низ магла, прво намалете ја брзината и вклучете ги соборените светла и светлата за магла (доколку поседувате). Почитувајте ги ограничувањата на брзината и не престигнувајте се до моментот кога вашето видно поле не стане чисто и прегледно, а вашето престигнување безбедно, наведуваат од Советот за безбедност во сообраќајот.

На возачите им се препорачува и да внимаваат на одрони на патот, наноси на земја, песок, камења итн. кои во овој период од годината е карактеристична појава што може да биде многу опасна за сообраќајот, како и потребата од редовна техичка проверка на возилото.

-Затоа возете внимателно и намалете ја брзината, особено ако возите во услови на дожд, во планински предели или во други непознати области каде што не ги знаете доволно карактеристиките на патот и патната околина. Направете техничка проверка на возилото. При зимски услови на патот, посебно важно е да управувате технички исправно возило. Искуствата покажуваат дека при ниски температури и влажни и лизгави коловози на површина излегуваат сите неисправности на возилото. За ваша безбедност, за безбедно и непречено пристигнување на посакуваната дестинација, направете редовна зимска проверка на возилото, со посебен акцент на проверка на системот за управување, системот за запирање, пневматиците, електрониката, .., наведуваат од РСБСП.

РСБСП уште еднаш потсетува дека безбедноста во сообраќајот зависи од сите нас поединечно. Доколку сите бидеме внимателни и одговорни во сообраќајот, доколку сите ги почитуваме сообраќајните правила и прописи, бројот на сообраќајни незгоди и бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди значително ќе се намали, порачуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

 

/МИА/
Next Post

Приведени двајца дилери на хероин од Кочани

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk