ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Обилните врнежи предизвикаа поплавување на земјоделски површини и куќи, следува постуден период

January 13, 2021 07:58
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Обилните врнежи од дожд предизвикаа зголемување на водостојот на реките, а наместа тие се излеаја од своите корита. Поради одрони, во прекин беше и сообраќајот на одредени патни правци. Синоптичарите за денеска попладне и за утре најавуваат нови врнежи, проследени со ветер и пад на температурите.

Поради продор на студена воздушна маса од север, се очекуваат локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег и повеќе ќе бидат позастапени во западните делови каде тенка снежна покривка ќе има и на пониските места. Врнежите ќе завршат ноќта кон петок, кога ќе следува период со значително ниски температури. В петок и за време на викендот ќе биде суво и многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата. Најстудено ќе биде наутро за време на викендот кога температурата во Малешевијата и во Пелагонија ќе се спушти и до -12 Целзиусови степени.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) вчера информираше дека се очекува сите водотеци да бидат натпросечни за овој период од годината, но со појавата на минусните температури од четврток, нивоата брзо да опаѓаат. Поради можните излевања на некои реки и дел на нивните притоки, препораката е граѓаните внимателно да се движат покрај водотеците, суводолниците и клисурите.

Излевањето на дел од реките беше причина за поплавување на обработливо земјоделско земјиште, а во некои села беа поплавени куќи и помошни простории.

Во општина Јегуновце беа поплавени три куќи во селото Раотинце, како и земјоделско земјиште во Туденце, Сиричино, Јегуновце и Раотинце.

Во Велес, каде исто така тече Вардар, засега ситуацијата е под контрола. Има мали излевања кај дел од шеталиштето на Кејот и во близина на кафеаната кај „Ингилизот“ во Градскиот парк и на мал дел од бавчите во Речани, но без поголеми штети. Кризниот штаб, како што изјави градоначалникот Аце Коцевски, ја следи ситуацијата и е во постојан контакт со УХРМ и другите надлежни институции со цел да се реагира навреме и да не се дозволи излевање.

Во кумановско и Старо Нагоричане вчера нивоата на Пчиња и Крива Река се уште беа на високо ниво. По течението на Пчиња поплавено е земјоделско земјиште, седум-осум викенд куќички, три-четири индивидуални куќи за живеење и претежно помошни објекти како штали. Во Старо Нагоричане, Пчиња е излеана кај Меморијалниот Центар АСНОМ до мостот Коинце во должина од седум километри.

Обилните врнежи беа причина и за прекин на сообраќајот на одредени патни правци и пренасочување на возилата по алтернативни патишта. Според информацијата на „Македонија пат“, сообраќајот на патот Кочани-Македонска Каменица, на делницата од Истибања до браната Калиманци, кај м.в. Ајдучки Камен, се уште целосно во прекин. Лесните патнички возила се пренасочуваат преку регионалниот патен правец  Кочани – Виница – Бигла – Делчево, а тешките товарни возила и автобусите преку регионалниот патен правец Кочани – Виница – Берово – Делчево.

Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелираа возачите да бидат внимателни и да ја прилагодуваат брзината кон зимските услови на патот поради појава на голомразица и влажни и лизгави коловози особено во раните утрински или доцните вечерни часови. Оттаму потсетуваат и на задолжителната обврска за зимска опрема на возилата.

– Оние возачи кои се уште не обезбедиле зимска опрема (синџири за снег или зимски гуми), потребно е веднаш да го сторат тоа, бидејки покрај санкциите предвидени со ЗБСП и можноста полицискиот службеник да ги отстрани од сообраќај, со не обезбедувањето на зимската опрема ја загрозуваат сопствената безбедност, но и безбедноста на сите други учесници во сообраќајот, посочија од РСБСП.

Поради најавените нови врнежи и ниски температури, вчера со препорака излезе и Агенцијата за храна и ветеринарство. На својата интернет страна, АХВ објави препораки во кои меѓу другото се апелира до фармерите навреме да обезбедат доволни количини храна и вода за животните и соодветно засолниште. Доколку не постои можност веднаш да се засолнат животните, привремено да се користа ќебиња или друг вид прекривки за нив но, притоа прекривките секогаш да бидат суви.

– Здравствената состојба на животните во вакви услови треба почесто од вообичаено да се следи, односно животните треба почесто да се посетуваат и набљудуваат. Молзните животни треба да се измолзуваат редовно, во вообичаените интервали. Кругот во одгледувалиштето и пристапните патишта треба редовно да се чистат од снег или мраз. Одгледувачите на животни треба да се во комуникација со нивниот ветеринар, за дополнителен совет или доколку се потребни интервенции, се вели во препораките на АХВ. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Шеесет и шест жртви во израелските напади врз Појасот Газа

July 11, 2025
Скриншот

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери

July 11, 2025

ЦУК: До 7.30 часот седум активни пожари, четири под контрола и 27 изгаснати

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk