ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Чесните никој не смее да ги малтретира, рече Николовски, прифатена програмата за задолжителната имунизација на населението, Османи утре на работна посета во Грција

January 13, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Наша цел е да покажеме дека онаму каде што не се почитува закон мора да има казни. Чесните пак, никој не смее да ги малтретира и да им висат инспекции, изјави вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски. Според Николовски, оваа година ќе се посвети на тоа, да има правда за сите.

Министерот за правда Бојан Маричиќ и амбасадорот и шеф на делегацијата н ЕУ во земјава Дејвид Гир денеска ќе одржат онлајн презентација на проектот „Поддршка на процесот за реформа на правосудството“. Воедно, ова е прва конференција на министерот Маричиќ во новата година.

Владата на вчерашната седница ја прифати Предлог-програмата на Министерството за здравство за задолжителна имунизација на населението во Северна Македонија за 2021 година. Во програмата се опфатени возрасните групи подложни за пoeдини вакцинации, видот на вакцини кои се даваат и начинот на давање, календарот за имунизација на деца од нула до 18 години и Календарот за „catch-up“ имунизација за нередовно вакцинираните деца од пет до 18 години. А од утре, за Србија ќе се патува без задолжителен ПЦР тест.

Во наредниов период властите во Скопје ќе ги разгледуваат коментарите што пристигнаа од Софија на македонскиот предлог Акциски план, по што ќе биде изградена јасна позиција на земјава во обид за враќање на довербата меѓу Северна Македонија и Бугарија и одблокирање на нашиот европски пат. Специјалниот пратеник за Бугарија, Владо Бучковски вчера нагласи дека секоја негова службена комуникација на релација Скопје – Софија е во функција на предложениот Акциски план од наша страна.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе оствари работна посета на Грција, на покана на  својот домаќин, шефот на грчката дипломатија Николаос Дендиас. Предвидено е потпишување на неколку меѓународни документи, со кои дополнително ќе се збогати договорната рамка меѓу двете држави. 

Грчкиот премиер Мицотакис вчера предложи воспоставување на потврда за вакцинација на ниво на ЕУ, како би продолжило прекуграничното патување кое е погодено од пандемијата на коронавирус.  Микробиологот и професор Никола Пановски смета дека оваа идеја не е добра бидејќи можно е бидат загрозени човековите права.

Бугарија ја направи темата за проширувањето крајно видлива во Европската унија, но се покажа дека е невозможно во оваа фаза да каже „да“ за рамката за преговори со Северна Македонија, затоа мислам дека емоциите мора да се смират, и во Скопје и во Софија, и да се најде решение, вели бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Одложени рочиштата за предметите „Таргет- Тврдина”, и „ Моќник”. Судењето за случајот „Моќник“ се одложува за 25 јануари поради неприсуство на еден од обвинетите поради КОВИД-19, а влошената здравствена состојба на обвинетата Надица Николиќ, го одложи денешното рочиште за судскиот предмет ,,Таргет- Тврдина”.

Поставеноста на монетарната политика е соодветна на макроекономските услови, е најновата оценка на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. На седницата одржана вчера заклучено е дека засега тековите се стабилни и дека последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата.

Македонскиот кандидат за Оскар за 2021 „Врба“ на Милчо Манчевски ќе игра во кината, на ТВ и на стриминг платформите низ САД, во дистрибуција на „Кино Лорбер“, еден од најреномираните дистрибутери на уметнички филмови во САД. „Врба“ пред американската публика ќе се прикажува во текот на 2021, и ќе продолжи во 2022 и 2023.

Веб платформата Јутјуб соопшти дека го суспендирала каналот на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп бидејќи го прекршил правилото за корисници, со кое е забрането поттикнување насилство, по минатонеделниот упад во Конгресот на САД од страна на неговите приврзаници.

 

М.М.
Next Post

МЗ: Матичните лекари вчера добија протокол за лекување со Ивермектин

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

November 15, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп побара истрага за Клинтон и други демократи; Обвинителката Бонди почна постапка за „Епштајн врските“

November 15, 2025
Фото: Илустрација, генертирано со ВИ

Шпанските научници идентификуваа неврони во амигдалата кои предизвикуваат анксиозност

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 15 и 16 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk