ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Во Тетовско лани евидентирани вкупно 256 кривични дела, прекршоци и поплаки за семејно насилство

January 13, 2021 16:53
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото: илустрација

Фото: илустрација

Share on FacebookShare on Twitter

Аналитичкиот центар при СВР Тетово во  текот на 2020 година бележи регистрирани 74 кривични дела кои се однесувале на семејно насилство, 13 случаи на пријави кои биле финализирани со прекршочни поднесоци, како и 170 поплаки кои се однесувале на вакови вид насилство. Од евидентираните кривични дела најбројни се  оние со употреба на физичка сила и нанесување на телесни повреди, како и загрозување на сигурноста.

-Најголемиот број од сторителите инволвирани во овие дела се машки лица, пред се сопрузи, поранешни и невенчани сопрузи, синови и други членови на семејство, додека меѓу „жртвите“ на ваковиот вид насилство најзастапени се женските лица, сопруги, поранешни и невенчани сопруги, мајки, сестри и така натаму. Најчести причини за семејното насилство лани се психичките растројства, акохолот и во неколку случаи-наркотични средства. Најмногу од делата се бележат во четвртото тримесечие (29) и сите се заокружени со соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Центарот за правна помош при Здружението „Женски Форум“ во Тетово е организација која со бесплатни улсуги се обидува да им помогне на жртвите на семејното насилство.

-За помош како жртви на семејно насилство се јавиле 40 жени во периодот од 1 јануари до 31 декември 2020. Сите доживеале и трпеле со месеци или со години семејно насилство од нивните сопрузи, а една од жртвите од свекорот. Жените се на возраст од 25-40 години, а видот на насилство е физички напад, психичко малтретирање и еден случај на сексуално малтретирање, изјави Верица Тимосиевска, адвокат во Центарот за правна помош при Здружението „Женски Форум“.

Сите добиле правни совети и упатување до институции вклучени во системот за заштита.

-Жените добиле помош како да пријават случај до  МВР, Центар за социјални работи, Обвинителство и Основен суд.  Сме подготвувале предлози за мерки за заштита од семејно насилство до Основен суд Тетово, тужби за развод на брак, кривични пријави до Обвинителство за неплаќање издршка, жалби, приговори и писмени поднесоци со кои се заокружувала правната помош, услуги кои се бесплатни за жртвите, посочи Тимосиеска.

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk