Уметноста е „еден од најдобрите општествени посредници на тешките пораки – таа секогаш создава мост помеѓу разбирањето и изразувањето на критичните проблеми во општеството“.
Во согласност со тоа чувство, минатиот септември, Антикорупциската организација на Тајланд (ACT) организираше „музеј на корупција“, привремена изложба во Центарот за уметност и култура во Бангкок, наменета за подигање на јавната свест за степенот и трошоците за корупција.
Тајланд не е прва земја што презема ваква иницијатива. Музеи за корупција (вистински музеи, не само привремени изложби) веќе постојат во Парагвај, Украина и САД, и многу други држави постојат и ја користат уметноста како алатка за антикорупциско образование и акција
На пример, Иницијативата за отворено општество за Западна Африка неодамна направи хип хоп видео запис против корупцијата во Либерија, додека Американската банка за развој организираше натпревар за цртани филмови со промовирање на свеста и разбирањето за корупцискиот феномен и неговата штета доколку продолжи да се развива.
Пакистанскиот претседател Мамнун Хусеин ги повика поетите и интелектуалците да пишуваат против корупцијата. Има и други големи организации, владини и невладини во областа на антикорупцијата кои организираат уметнички проекти и помагаат да се рашири свесноста за опасноста на корупцијата како таква.
Покрај овие институционализирани уметнички антикорупциски проекти, неколку земји се сведоци на спонтани јавни уметнички прикази – во физички јавен домен, обично надвор и достапни за сите – за промовирање на свесност и солидарност во борбата против корупцијата
Разбирливо, некои луѓе се скептични кон овие иницијативи, тврдејќи дека музеите и привремените изложби не се вистинскиот форум за комуникација за корупцијата.
Може да се грижиме дека изразувањето на антикорупциски пораки преку цртани филмови и популарна музика нема да ги натера луѓето да ја сфатат пораката доволно сериозно, но сепак е некаков почеток и некакво отварање на тема која и те како треба да се дискутира во јавноста преку сите можни начини. Па дури и преку ваков тип на креативни изблесоци.
Се разбира, никој не мисли дека ликовните иницијативи сами по себе се доволни . Сепак, иако уметничките иницијативи сами по себе не ќе го решат прашањето за корупција, овие иницијативи не се само мода или трик или одвлекување на вниманието.
Навистина, има доста истражувања што покажуваат дека овие програми можат да бидат доста ефикасни во подигнувањето на јавната свест за корупцијата.
Прво, општите студии за влијанието на уметноста врз општеството го поддржуваат тврдењето дека и учеството во уметнички проекти и искуството на уметноста како член на публика можат да го промовираат економскиот просперитет, да ги подобрат академските перформанси и студентска дисциплина, помагаат да се постигнат важните цели на заедницата и се подобрува физичката и психолошката благосостојба.
Видливите резултати се доказ дека уметноста може да биде моќна алатка за комуникација, што влијае на тоа како размислуваме и постапуваме.
Второ, уметноста е забавна, како и информативна, може да биде особено ефективна во достигнувањето на помладите генерации. Во 2006 година, Амнести Интернешнл спроведе студија која покажа дека концертите, фестивалите и социјалните медиуми се едни од најдобрите начини за контакт со младите (на возраст од 14 до 25 години).
Оваа улога на уметноста во подигањето на свеста кај младите е особено важна со оглед на тоа што студиите покажуваат дека ангажирањето на младите генерации е од суштинско значење за антикорупциски напори, заради фактот што младите се генерално поотворени за социјални промени и политичка трансформација.
Трето, вреди да се има предвид дека уметничките иницијативи, како што се песна, цртеж или театар, се особено корисни во земји каде значителен дел од населението не е доволно образовано на одредени теми.
Визуелните уметности, драмата и музиката се едни од најсоодветните начини за комуникација на важни пораки во овие околности.
Покрај тоа, уметноста може да пресече низа потенцијални бариери како што се јазикот и културата. На пример, организација наречена Seeds Theatre Group (спонзорирана од волонтери на Обединетите нации) извршува извонредна работа на неписмено население во Папуа Нова Гвинеја, користејќи го театарот како инструмент за комуникација за да го зголеми нивото на знаење и разбирање на важни социјални и развојни прашања .
Уметноста, во сите свои форми, се покажа како ефикасна алатка за комуникација.
Антикорупциските иницијативи треба почесто да го користат за да осигурат пораката да стигне до нивната публика. Ефикасноста на уметноста во подигнување на јавната свест за корупцијата не треба да се потценува или отфрла како споредна приказна.
Навистина, уметноста – визуелните уметности, песни, драми, поезија – можат побрзо да испорачуваат пораки и да допрат до поголем број луѓе, отколку што може да имаат долги, суви говори или директно известување за вести или застапување.
В.Д