пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
“Овде се сите Македонци, за разлика од другата страна, каде има странски и домашни платеници“, ова е од обраќање на Александар Даштевски на 21 април 2016 година, на контрапротест на „гдомобраните“ кои излегоа да го бранат режимот на Груевски во екот на Шарената револуција.
Истите тие структури година дена подоцна го организираа и спроведоа крвавиот упад во македонското Собрание на 27 април.
Во тоа време, Даштевски беше претседател на Антидискриминациската комисија, која под негово раководство беше слепа за структурната дискриминација по политичка, етничка, верска, сексуална и многу други основи што ја спроведуваше режимот на Груевски. И не само тоа, туку за него, Груевски беше дискриминираниот?!
Изборот на чело на ДИК, институција која го спроведува најделикатниот демократски процес му е награда за овие заслуги?! Каква голема срамота, не само за тие што го предложија, од нив ништо друго и не се очекува – туку и за тие што ја изгласаа оваа срамна одлука!
Но срамот е уште поголем, ги опфаќа сите оние што молчеа откако се обзнани предлогот на ВМРО-ДПМНЕ а такви беа многу, со исклучок на една организација и неколку силни индивидуалци со интегритет во политиката и јавноста. Недоволно и поразително.
А погледнете што се случува во Америка. Таму нема награди, туку фрштат оставки и истраги за потпалувачите на маси и насилниците.
Зарем настаните во Вашингтон или оние кај нас пред неколку години не се доволна поука ?!
#SledeTene
#AluminiumOverMaximum
#TotalnoLudilo
Текстот е личен став на авторот