Елена Митева, поранешена водителка на емисии во Телма и Сител, е новата советничка на премиерот Зоран Заев за медиуми пишува Слободен Печат.
Митева е меѓу десетте нови советници на премиерот, а на функцијата е од пред неколку дена. Претходно хонорарно беше ангажирана за модерирање и организирање на настани.
Елена Митева по вокација е професор по биологија но, пред десетина години влезе во водителските води и оттогаш постојано е присутна во медиумите во најразлични телевизиски формати.