Трамп забрзано паѓа по скалилата на моќта. Денеска 231 гласа беа за негово отповикување, вклучувајќи ги и гласовите на десет Републиканци, наспроти 197 кои гласаа против.
Единствената точка на дневниот ред на Конгресот беше импичмент на Трамп, поради „поттикнување на бунт“, по минатонеделниот напад на неговите поддржувачи, екстремни десничари и теоретичари на заговорот. Во немирите настрадаа вкупно пет лица, вклучувајќи го и 42-годишниот полицаец Брајан Сикник, кој им подлегна на повредите неколку дена подоцна.
По гласањето во Конгресот, на ред е Сенатот, каде што финалната „пресуда“ за Трамп треба да ја донесат две третини од сенаторите, за што е потребно да гласаат и 17 Републиканци.