„Нам ни се неопходни измени во Законот за кривична постапка, но за овој закон е неопходно мнозинство од две третини, што значи и опозицијата мора да се вклучи во целиот процес. Но, јас два до три месеци ги молам во ВМРО ДПМНЕ да испратат свој преставник во работната група која работи на оваа проблематика во Министерството за правда“, потенцираше министерот за правда, Бојан Маричиќ, во емисијата „Стадион“ на Канал 77, зборувајќи за несериозното однесување на опозицијата кон реформите во правосудството, за потоа да ја обвинуваат власта за несоработка.
„Само велат утре ќе испратиме, задутре ќе испратиме и немаат абер. Значи, тие не испраќаат прставник, а потоа во парламентот не обвинуваат дека не ги консултираме, не ги прашуваме, што е целосно неосновано“, изјави Маричиќ.