ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нов случај на екстремен говор на омраза од „левичарите“, Апасиев прво ja споделил, а потоа ja избришал објавата

January 16, 2021 10:06
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со хаштагот „децата крв ќе ви плукаат“ ја заокружија неделата неколку Фејсбук страници на радикалните структури во земјава, вклучувајќи го и првиот човек партијата „Левица“, Димитар Апасиев, пишува ЦИВИЛ Медиа.

Страницата Трета опција, која е дел од пропагандната структура на „Левица“, денеска објави тенденциозен коментар за Министерката за образование, Мила Царовска.

Пораката со злокобниот хаштаг, во моментот на регистрирање на овој случај на говор на омразата во кој има отворена закана, е споделен од 52 профили, меѓу кои се активисти на радикалните структури и партискиот челник на Левица.

Апасиев подоцна го избришал постот, но до моментот на бришењето се бележат 669 лајкови. Во моментот на затворање на овој извештај (15 јануари 2021, 22 часот), постовите на Ленка, Бојкотирам и други, сè уште се во интернет сообраќајот.

Реакција на овој екстремен говор на омразата, имаше новинарот и активист Петрит Сарачини, кој на својот Фејсбук профил коментираше:

„Децата крв ќе ви плукаат!“, со овој хаштаг страницата Трета опција, која е дел од пропагандна структура на страници на ФБ кои често споделуваат содржини на левото Димче и Левица, коментира друга тенденциозна содржина за дискредитација на министерката за образование Царовска, ширена денес од пропагандата на левата и десната рака на мвро-вмро.

Уште мислите дека левото Димче и овие насилници се безопасни, дека не треба да им се посветува внимание? Денес се нечии други деца под закана, мислите утре нема да бидат вашите?!

Верувам дека МВР ќе постапи по овие закани и говор на омраза. Моето прашање повторно е, имаме ли обвинителство во државата, ќе ги гони ли некој, ќе ги суди ли некој насилнициве?

Реакција на овој најнов изблик на омраза на социјалните мрежи што го пласира организирана политичка структура, имаше и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала:

„Ништо друго и не може да се очекува од една радикална десничарска структура каква што е партијата со лажно име Левица. За жал, можеме да очекуваме дека овој речник ќе се интензивира во наредниот период. Познато е дека говорот на омразата води и кон дела од омраза. Затоа, време е релевантните институции конечно да се разбудат. Со ова, во прв ред мислам на Обвинителството.“

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ постојано ги следни и разобличува лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата. Голем број граѓанки и граѓани пријавуваат ги пријавуваат овие случаи и на онлајн формуларот на ЦИВИЛ. Организацијата продолжува со повиците да се пријавуваат случаи на кршење на човековите права и слободи, лажни вести и говор на омраза, како и низа други негативни појави, политики и практики.

Next Post

Во НАТО нема снаоѓање, досега реветингот не го поминаа две лица, вели Пендаровски

НАЈНОВО

Фото: „Конект“

Добротворна модна акција вечер во Скопје

November 4, 2025
Џоди Фостер и Ентони Хопкинс. Кларис и Лектор во Кога јагнињата ќе стивнат

Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

November 4, 2025

Холандскиот парламент со најголем процент жени-пратенички досега (43%)

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војаџерите на НАСА открија „ѕид од оган“ на работ од Сончевиот систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk