ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Идните мерки ќе зависат од тоа дали има дополнителни мутации на вирусот кај најновите ковид случаи, апел од Фуере до ЕУ да дејствува, изборите нема да донесат ништо ново…

January 16, 2021 21:02
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Фуере: Мислам дека изборите во Бугарија нема да донесат ништо ново, ја повикувам ЕУ да дејствува. Европските институции треба да бидат поинвентивни во пристапот. Имаат инструменти кои треба да ги користат, како медијација, со поголем фокус на изучување на историјата. Многу, многу инструменти кои можат да се искористат, а да не се блокира почетокот на преговорите, вели Фуере во интервју за телевизија Телма.

Филипче: Офталмологија и оториноларингологија од следната почнуваат со редовна работа. Од анализите што се прават во МАНУ дали има дополнителни мутации на вирусот кај последните новодијагностицирани ковид случаи, како и целосната епидемиолошка состојба, ќе зависат идните мерки.

Филипче: Кај нас досега се детектирани 8 соја, идните мерки ќе зависат од дали има дополнителни мутации на вирусот кај последните ковид случаи.  Неделава ќе знаеме дали има дополнителна мутација  на последните новодијагностицирани случаи во последните две недели, рече вечерва Филипче…

Пратеникот Апасиев од говор на омраза премина на закани „децата крв ќе ви плукаат“. . Во постот се дискредитира министерката, но за да се направи „поатрактивен“ и да има што поголем број шерови, страницата Трета опција тоа го прави со директна закана кон министерката, но содржината се однесува на децата на сите преставници на власта.

Во Албанија вакцинирани 308 здравствени работници. Првите 975 дози од вакцината Фајзер пристигнаа во понеделникот (11 јануари), донација, од, како што рече премиерот Еди Рама, пријателска земја членка на ЕУ, која не сакала да и биде јавно соопштено името.

Беровчанец лишен од слобода по лажна пријава за киднапирање и изнудени 10 илјади евра. Неговиот татко Д. П. (57) на ден 15 јануари 2021 година околу 18 часот во надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово пријавил дека добил смс-порака од телефонот на неговиот син, со која се барало 10.000 евра за да биде пуштен. Според пријавеното, порака со слична содржина на апликацијата „месинџер“ добила и неговата снаа М.П, се вели во полициското соопштение.

Глумците од Кумановскиот театар читаат за најмладите – Бајки од Македонија. Досега се објавени сите четири видеа , а истите можете да ги погледнете и да им ги пуштите на вашите најмили од Фејсбук страната на Театар Куманово.

Полард: Во 2021 година ќе има многу нови мутации на коронавирусот. Според него, најважното прашање е дали некои од овие нови мутации се прилагодување на вирусот поради имунитетот меѓу популацијата, односно, како што рече, „дали е тоа резултат на самиот вирус или навистина е резултат на вакцинација“.

И.Т.З.

Next Post

Филипче: Пристигнаа дел од фрижидерите во кои треба да се чуваат вакцините Фајзер, здравствениот систем е спремен за вакцинација

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk