Судијка пред можно разрешување поради злоупотреби на АКМИС. Според извори на ТВ24 се работи за поранешна в.д претседателка на Кривичниот суд во Скопје за која ќе се оценува дали нестручно и несовесно работела кога подготвувала распоред на судии и одлучувала кој колега што ќе суди.
Идентификувани три лица кои го запалија знамето на Бугарија на Вевчанскиот карневал. Против нив МВР ќе поднесе кривични пријави. Државниот врв го осуди инцидентот.
Заев: Предвидени се 52 милиони денари за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата. Печки на пелети во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство и до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за лица со ниски примања; и Фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30%, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство, наведува Заев.
Минатата година запалени 70 од вкупно 200 нови контејнери. Граѓаните коишто имаат потреба да се ослободат од својот стар мебел и неупотребливите електронски и електрични уреди, можат на бесплатниот телефонски број 0800 222 33 да нарачаат екипите на „Комунална хигиена“ со специјални возила да го преземат и да го транспортираат кабастиот отпад.
Поддршка за Радуловиќ по апсењето на професорот по глума Алексиќ. Актерот Тихомир Тика Станиќ го оцени скандалот како „нешто што не може да се опише со зборови“. На социјалните мрежи, поединци се прашуваа зошто актерката досега не зборувала, што нејзиниот постар колега го осуди и рече дека секое такво прашање е „ново кривично дело“.
Навални приведен по слетувањето во Москва. Навални и покрај заканата да биде затворен, тој денеска полета од Берлин, каде каде му беше укажана лекарска помош откако во август минатата година беше отруен со нервен агенс „Новичок“.
И.Т.З.