ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Една година трае потрагата по исчезнатата Марија Брзакова од Босилово

January 18, 2021 11:11
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Една година трае потрагата по исчезнатата Марија Брзакова (28) од селото Босилово, а од неа нема ниту трага, ниту глас. Таа исчезнала лани на 18 јануари, во утринските часови.

Истрагата за нејзиното исчезнување ја води Основното јавно обвинителство во Струмица, кое има отворена предистражна постапка, но нема нови детали, а истата нема да биде затворена додека таа не се пронајде.

Од Обвинителството информираа дека се разгледуваат повеќе можности на случајот – дали младата мајка навистина е исчезната, можност од самоповредување или одземање на сопствениот живот, но и насилна смрт.

Досега се разгледани снимки од камери во селото Босилово и неколку патни правци околу селото. Потврдено е дека Брзакова не ја напуштила државата, бидејќи не е регистрирана на ниту еден официјален граничен премин дека излегла. Земени се изјави од најблиските, а проверени се и нивните телефони, но и од таму нема информации за нејзиното исчезнување.

Таа подолго време е на листата на исчезнати лица на МВР, а интензивно се бараше и со апели на социјалните мрежи. На повеќе локации во Струмица се уште има флаери со нејзини фотографии и контакт броеви на коишто може да се обратат граѓаните.

Лани, неколку денови по нејзиното исчезнување, стотина ловци и граѓани, во координација со полицијата, ја бараа Брзакова по течението на реките Турија и Струмица, канали, по полето, дури и по браните на Дрвош и Иловица и Моноспитовското блато.

Дваесет и осум годишната Марија Брзакова исчезна на 18 јануари лани. Според информациите од блиските била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса, а исчезнувањето во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг. /MИА/

Next Post

Советник на Бајден: Навални мора веднаш да биде ослободен

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk